Таа дојде од Карибите за да се мажи во Тетово

По две години седење на Скајп пред Компјутер, Боби Марковски од тетовско Челопек ја оженил својата љубена, Веделин од Карипските острови. Притоа Вест ја раскажува нивната љубовна приказна.Двајцата велат дека кога љубовта е во прашање, сe друго е занемарливо, па така на дваесет и седумгодишната Карипка не било проблем да ги напушти егзотичните Кариби и да дојде кај својот сакан во Челопек.
“Две години бевме во постојан контакт со Веделин и на крај решивме да се видиме. Кога дојде во Челопек, таа се воодушеви од природата, од нашата традиција, а особено од кулинарските специјалитети. Првата недела луѓето од моето место нe гледаа малку чудно, но потоа се свикнаа, но и се спријателија со неа. Моите блиски, исто така, веднаш ја прифатија како своја, без никакви предрасуди, па сега со мерак  подготвуваат тавче-гравче, печена риба и традиционален комад – колпите, тоа се нејзините омилени јадења овде. Отпрвин бев загрижен дали ќе  се допадне тука, бидејќи, сепак, доаѓа од една егзотична земја, која е рај за туристите, но Веделин сака тивки места и дружељубив народ, па ми вели дека Челопек е поубав од Карибите”, вели со насмевка Боби, кој има дваесет и пет години и има завршено факултет по физиотерапија.
Заљубените млади свадбата ја направиле во Дубаи, каде што живее сестрата на Веделин, во руска православна црква.
“Сега сме на меден месец во Дубаи и уживаме. Сe уште не сме одлучиле каде дефинитивно ќе живееме, најмногу поради работата, бидејќи јас сум невработен, а, пак, Веделин на Карибите работеше како бебиситерка во хотели, ги подучуваше и ги надгледуваше децата на туристите, нешто што во Челопек сигурно не би можела да го работи. Инаку, со мерак би живееле во моето преубаво село”, вели Марковски. 
Извор: ВестДвајцата велат дека кога љубовта е во прашање, сe друго е занемарливо, па така на дваесет и седумгодишната Карипка не

Пронајдете не на следниве мрежи: