Таа е една од најубавите жени во историјата

Сите се чуделе колку убаво дете е таа, а кога пораснала, пријателите на нејзините родители им велеле дека нивната преубава ќерка треба да биде познат модел.Во тие проценки очиглено италијанките не погрешиле. Моника Белучи навистина стана една од најубавите жени во историјата, заводлива на филмското платно, во модните капмањи, но и на фотографиите кои ја прикажуваат онаква каква што е навистина. 
Целосното име на Моника е Моника Ана Марија Белучи. Таа утре ќе наполни 53 годинии и е родена во Citi di Castelo во Италија. Нејзиниот татко, Луиџи Белучи се занимавал со транспорт, а нејзината мајка, Марија Густинели била сликарка. Тие никогаш не можеле да ја прошетаат својата ќерка на улица, а да не биле застанувани од странци чии коментари биле за несекојдневната убавина на Моника.
 
Моника стана многу успешна во светот на манакенството. Таа беше член на престижни модни агенции во европските и светските престолнини на модата, од Њујорк, Милан па се до Париз.
Постојано соработувала со Кристијан Диор, а беше и заштитно лице на модната куќа “Dolce & Gabbana” чија муза е и денес. Пред неколку години се појавила и на нивната најконтроверзна кампања поврзана со религијата.
 
Во 1990 година започнала да се појавува и на филмското платно. Филмот Апартман ѝ донел светска слава, но и љубов исто така. За време на снимањето се запознала со својот иден сопруг, францускиот глумец Винсент Касел. Во 1999 година се венчале, добиле две ќерки, а потоа во 2013 година следел развод.
Актерската кариера ѝ ја одбележале повеќе филмски улоги како Марија Магдалена во филмот Христовото Страдање, филм на продуцентот Мел Гибсон, улогата на Клеопатра во комедијата Астерикс и Обеликс: мисија Клеопатра, но и улогата во “Matrix 2” и “Very Matrix 3”.
Минататa година, францускиот претседател, Франсоа Оланд ѝ го врачил Орденот за гордост, кое е најголемото државно признание на државата Франција.
На 51 – на година била и Бонд девојка или како што вели таа Бонд жена. Таа беше дел од филмот “Spectre”.
Таа важи за еден од најголемите секс – симболи во историјата, а нејзините фотографии тоа го оправдуваат. Сепак, таа вели дека убавина без интелегенција не значи ништо. Поради тоа, таа нејзината убавина ја искористила на најдобар можен начин. Исто така, важно е да се каже дека Моника не е љубител на пластичните операции.

Во тие проценки очиглено италијанките не погрешиле. Моника Белучи навистина стана една од најубавите жени во историјата, заводлива на филмско

Пронајдете не на следниве мрежи: