Лариса Кусакина е мајка на познатата манекенка Наталија Водјанова, која секоја година заработува по неколку милиони долари, додека нејзината мајка продава пити на улиците во нивниот роден град Њижниј Новогрод.Од оваа необична приказна можеме да заклучиме дека некои луѓе не копнеат да живеат во раскош и богатство.
Така одлучила мајката на светската позната манекенка, која покрај успешната кариера е омажена за богаташот Антоан Арно, синот на сопственикот на „Луи Витон“, со кој неодамна добија синче. Пред него, Наталија беше во брак со англискиот аристократ Џастин Портман, со кого имаат три ќерки.
Иако нејзината ќерка живее во луксуз, таа не сакала да ги зема нејзините пари.
Лариса и понатаму продава пити на улица, баш како што тоа некогаш го правела Наталија пред да стане позната во светот на модата.
Покрај Наталија, Лариса има уште две ќерки од кои едната боледува од церебрална парализа. И покрај сите потешкотии, таа не сака да ја прифати помошта од Наталија, бидејќи сака да докаже дека таа и нејзините ќерки можат сами да постигнат нешто.
Наталија призна дека нејзината мајка ѝ е голема инспирација и смета дека таа чекорела низ животот следејќи го срцето, а не одела по патот по кој многумина ѝ кажувале да оди.Од оваа необична приказна можеме да заклучиме дека некои луѓе не копнеат да живеат во раскош и богатство.
Така одлучила мајката на светскат



