Таен експеримент на нацистите: Во Кандидо Годои се раѓаат само синооки и русокоси близнаци

Loading...

Вишата раса луѓе, според перцепциите на нацистите се синооки и русокоси Германци, како што впрочем изгледаат сите жители во едно бразилско гратче. Она што е најчудно, е што во тоа гратче е забележана и највисоката стапка на близначки бремености во светот.Вистина е дека д-р Менгеле по Втората светска војна пребегал во Јужна Америка и дека најверојатно некое време живеел во Кандидо Годои.
Меѓутоа, во гратчето и претходно живееле синооки и русокоси доселеници од Полска и Германија, па нивниот ариевски изглед не може да им се припише на монструозните експерименти. Сепак, на прашањето од каде толкав број близначки бремености во толку мала популација сѐ уште нема одговор.

-Мислам дека Кандидо Годои беше лабораторија на Менгеле и дека во тоа гратче конечно успеал да ги оствари своите соништа за создавање виша раса со сини очи и руса коса, велел своевремено Хорхе Камараса, кој починал лани.
-Според некои сведочења тој ги следел бременостите на жените и и давал нови лекои и препарати, зборувал за вештачко оплодвање, и наводно експериментирал на крави така што да раѓаат само машки телиња близнаци.

Неговите шпекулации ги отфрла локалниот историчар Пауло Сотијер, кој вели дека во тоа време Менгеле не проучувал близнаки бремености во Бразил. И не само тоа, туку, според мислењето на генетичарите, толкавиот процент близнаци може да биде последица на генетска изолираност и инцести.
Исто така, податоците покажуваат дека во оваа област бројот на близначки бремености исто така бил голем и пред доаѓањето на ангелот на смртта во Јужна Америка.
Самите жители на селото имаат поделени мислења, но некои тврдат дека човек кој личи на Менгеле бил забележан во селото во шеесеттите години.
Вистина е дека д-р Менгеле по Втората светска војна пребегал во Јужна Америка и дека најверојатно некое време живеел во Кандидо Годои.
Меѓу

loading...