ТАГА: Лепа Лукиќ се расплакала кога во собата на Уснија Реџепова…

Лепа Лукиќ ја посети долгогодишната пријателка и колешка Уснија Реџепова во Клиничко-болничкиот центар во Белград, каде што пејачката е сместена уште од минатиот вторник поради критичната здравствена состојба предизвикана од ракот на белите дробови.Лукиќ открила како поминала нивната средба, по која се расплакала.
„Кога ме здогледа на вратата, само го фокусираше погледот на мене. Не поверува дека дојдов да ја посетам. Многу се изненади. Истата секунда рипнав да ја гушнам и ѝ реков: `Љубов, ангелу, животу, те сакам најмногу на свет` и се расплакав. Ми навираа солзи од среќа. Ја бакнував цело време и ја држев за рака. Едвај зборуваше и ми нагласи дека не може да стои на нозе. Бидејќи прима терапија поради болките, ме погоди нејзината реченица кога со тажен глас ми одговори: `Што ќе ми е животот кога само спијам`. Не ми беше сеедно. Добро е што косата почна повторно да ѝ расте. По првото опаѓање ѝ порасна до рамениците, но не ја поднесе добро последната хемотерапија, па повторно ја изгуби. Тешко зборува, но задоволна е од третманот во болницата“ – изјавила пејачката.
Таа истакнала дека Реџепова е голем борец и дека добро се носи со здравствените проблеми.
„Ја советував дека не смее да се предаде. Одлично се носи со ситуацијата, бидејќи не кука и не паничи. Сите сме покрај неа. Колегите од естрадата ја сакаат. Таа е најдобра меѓу пејачките“ – завршила Лепа.
Инаку, за Уснија сега се грижи нејзината стрина, бидејќи нејзиниот брат на кратко заминал за Скопје.
Лукиќ открила како поминала нивната средба, по која се расплакала.
„Кога ме здогледа на вратата, само го фокусираше погледот на мене.

Пронајдете не на следниве мрежи: