ТАГА: Шест години по смртта на Ксенија Пајчин, нејзината мајка…

Не ја соблекува црнината. Пејачката Ксенија Пајчин не е заборавена ниту шест години откако во нејзиниот стан ја уби нејзиниот дечко Филип Каписода, кој потоа си пресуди сам на себе. Вчера, на Новите гробишта, нејзината мајка, татко, сестра и пријателите одржаа помен. Нејзината мајка Љубица сѐ уште носи црно бидејќи страда по својата единица како и првиот ден.Пријателите на пејачката редовно се слушаат и гледаат со Љубица, а воедно се трудат барем на момент да ја разведрат и накратко да ја направат среќна.
Меѓу нив е и модниот стилист Бане Девиќ, кумот на Ксенија и најдобар пријател:
„Постојано сум во контакт со мајка ѝ на Ксенија и така засекогаш ќе остане. Со таа жена и претходно бев многу добар, така што нашата комуникација не е обврзна туку природна. Веќе не ги бројам и сметам годините. Тоа е просто така, затоа што секогаш ми недостига. Таа ми беше најдобра пријателка, нашата емоција беше преголема и никој не можеше да ја замени, ниту ќе може.“ – изјавил Девиќ и додал дека пред неколу месеци го чувал кучето Милисав на пејачката, кое за жал, почина.Пријателите на пејачката редовно се слушаат и гледаат со Љубица, а воедно се трудат барем на момент да ја разведрат и накратко да ја направат среќн

Пронајдете не на следниве мрежи: