Тајна зад секое лого: Мистерии, изгубени кладби, библиски трагедии…

Логото на било кој бренд е нешто за што човек многу и не размислува, туку го зема здраво за готово.Ефективните и квалитетни ги нарекуваме оние логоа кои едноставно станаа синоними за бренд, кои ги претставуваат оние луѓе кои можат да ги препознаат во истиот момент кога ќе ги видат.
Меѓутоа познатите логоа ги прати многу интересна приказна, симбол и скриена порака.
Да откриеме која е таа…

Најк
Еден од нив е најпознатото лого некогаш, компанијата „Најк“, која привлекува големо внимание и која вложила којзнае колку милиони во својата репутација.
Меѓутоа овој генијален дизајн го направила непозната студентка по дизајн на портландскиот универзитет Керолин Дејвисон, а својата услуга ја наплатила само триесет и пет амерички долари.
Сепак и нејзината приказна има среќен крај. Кога проектот успеал и кога станале светски познати, основачот на компанијата Фил Најт од благодарност на дизајнерката и поклонил 500 акции од „Најк“ кои денес вредат 643.000 долари.

Ла коста
Основачот на оваа компанија е францускиот тенисер Рене Лакост а логото го „добил“ на основа на една изгубена спортска кладба. Додека шетал со соиграчите од француската репрезентација во излогот на една продавница видел торба од крокодилска кожа и рекол дека мора да му ја купат ако победи во наредниот меч.
Тој не успеал да победил во тој меч и потоа се појавила приказна која гласела-„Рене Лакост не успеа да победи и да ја заработи торбата од крокодилска кожа, но затоа се бореше како вистински крокодил.“
Така, Ла Коста го добил надимакот „Крокодил“. Набрзо после тој настан еден негов пријател му нацртал крокодил на неговата маица и еве ден денес после 81 година од тоа случување  тој крокодил е најпознатиот симбол на сите времиња.

Чупа чупс
Има и брендови кои се доследни на своите логоа. Имено, шпанскиот производител на лижавчиња „Чупа чупс“ од моментот кога е дизајнирано неговото лого уште од 1969 година не го промениле ни за најмал детал, а и како би го промениле кога дизајнер на ова лого бил познатиот Салвадор Дали.
Ејпл
Доста интересна е приказната во врска со компанијата „Ејпл“, која за својот симбол од 1976 година го избрала јаболкото. Постојат најразлични теории зошто Стив Џобс го избрал баш него.
Една теорија вели дека тој помислил на она јаболко кое му паднало на Њутн кога ја открил гравитацијата, друга кажува дека се  е поврзано со библиската приказна за Адам и Ева,  во која змијата ја наговорила Ева да го загриза јаболкото од „дрвото на знаењето“. На тој начин „Ејпл“ претставува јаболко кое е симбол на знаење.
Сепак, дизајнерот на ова лого Роб Јанов во едно од неговите интервјуа објаснува дека загризувањето го ставил единствено за луѓето да сфатат дека е во прашање јаболко а не цреша или домат.

Тоблероне
Посебно интересно се смета логото кое во себе има некое скриено значење кое луѓето воопшто не го забележуваат. Ако се фокусирате на погледот на планината ќе видите дека се гледа мечка која е симбол на Берн, главниот град на Швајцарија.
Амазон
Логото на сајтот „Амазон“  изгледа доста едноставно, иако стрелката помеѓу А и Z личи на обично смајли- тоа всушност покажува како на Амазон можете да го купите секој производ од А до Z (во нашата ситуација од А до Ш) и претставува насмевка на лицата на задоволните корисници на овој сајт.
 Ефективните и квалитетни ги нарекуваме оние логоа кои едноставно станаа синоними за бренд, кои ги претставуваат оние луѓе кои можат да ги препознаа

Пронајдете не на следниве мрежи: