Некогаш пиев голема количина кафе, но морав да престанам поради проблемот со желудникот. Кафето, а поготово на паразен желудник, никако не ми одговараше.Легендарната Синди Крафорд има 48 години, а голема улога во нејзиниот одличен изглед игра нејзината специјална диета.
Оваа бринета не ги сокрива поединостите за својот здрав начин на исхрана а и покрај здравиот начин на исхрана, а и покрај бројните обврски не го пропушта тренинзите. Најдобро од се е тоа што скоро секој може лесно да го примени нејзиниот начин на исхрана.
Салата со секој оброк
„За појадок главно јадам протеински шејк бидејќи лесно се подготвува. Тоа ми одговара бидејќи наутро брзам, морам да се погрижам за децата и потоа одам на работа“, објаснува Синди во интервју за магзаинот Глос.
„За ручек главно јадам салата, понекогаш со пилешко. За вечера обично одиме во ресторан на суши. Доколку останеме дома, тогаш подготвувам лесно оброци“.
Вода и зелен чај
Што се однесува до пијалоците, Синди преферира обична вода и ги избегнува другите пијалоци за да ги избегне дополнителните калории скриени во нив.
„Пијам и зелен чај. Некогаш пиев големи количини кафе, но морав да престанам поради проблемот со желудникот. Кафето, а поготово на паразен желудник, никако не ми одговараше“.
Иако го избегнува алкохолот, повремено сака да се напие текила. „Текилата ги убива сите паразити. Мојот сопруг ужива во коктели, па не можам да го оставам да пие сам“.
Чоколадото е светост
Синди има „грешни“ задоволства од кои никогаш не се одрекува.
„Сакам благо, па за да се задоволам и при тоа да ги задржам здравите маснотии во менито, обично правам фрапе“, вели оваа актерка. „Од состојките комбинирам: нане, спанаќ, банана, индиски оревчиња, бадемово млеко и какао чипс. Сакам и чоколадо и јадам по малку секој ден“.
Синди воопшто не зазема радикален став кога се работи за здрава исхрана. Мојата мудрост е да не јадам многу конзервирана храна. Лесно би можела да бидам вегетаријанка, но тоа не е практично за моето семејство. Од моите пет дневни оброци,четири се здрави“.
Три пати неделно во теретана
„Вежбам со својот тренер, Сара Хагаман, три пати неделно и тоа наутро“, вели Сидни.
„Кружниот тренинг за целото тело го изведувам со помош на тегови, справи и мојата сопствена тежина. Обично вежбам 10 минути со тегови, па пет минути изведувам кардио вежби“.
„Доколку во текот на неделата можам да си приуштам пешечење или возење велосипед со сопругот, тогаш тоа е добредојден додаток“.Легендарната Синди Крафорд има 48 години, а голема улога во нејзиниот одличен изглед игра нејзината специјална диета.
Оваа брин



