Тајната на здравиот живот се крие во мастите?

Резултатите од големото истражување на канадските научници покажува дека исхраната со мал удел на маснотии го зголемува ризикот од прерана смрт. Тоа се случува бидејќи луѓето неретко ги заменуваат маснотиите со храна која е полна со јаглехидрати и која не содржи важни хранливи вредности.Имено, исхраната која вклучува мноштво јаглехидрати кои се наоѓаат во тестенините, оризот и лебот е една од најнездравите начини на исхрана. Студијата која е објавена во списанието Lancet покажува дека на 135 илјади возрасни единки во 18 земји, ризикот од прерана смрт бил за 28 отсто поголем кај оние кои консумирале рафинирани шеќери и сувомеснати производи отколку кај оние кои консумирале путер, сирења и месо. Резултатите од истражувањето се претставени на конгресот на Европското здружение на кардиолози во Барселона. 
Д-р Махшид Дехан, водителка на студијата и научник на универзитетот МекМастер истакнала дека со векови, насоките на здравата исхрана се фокусираат на намалување на маснотиите и заситените масни киселини, но вистината е дека на организмот му требаат маснотии. Таа тврди дека во маснотиите се наоѓаат витамини и есенцијални киселини кои имаат многу важна улога за организмот. Кога внесот на маснотии ќе се намали на најниско ниво, организмот се лишува од сите тие важни минерали.
Д-р Дехан и нејзините колеги сметаат дека нискиот внес на заситени масни киселини го зголемува ризикот од прерана смрт за 13 отсто, додека консумирањето на поголеми количини од сите видови на маснотии го намалува тој ризик за дури 23 отсто. Тимот од Канада тврди дека сите оние кои дневно внесуваат повеќе од 60 отсто калории од јаглехидрати имаат поголеми шанси за прерана смрт.
 Имено, исхраната која вклучува мноштво јаглехидрати кои се наоѓаат во тестенините, оризот и лебот е една од најнездравите начини на исхрана.

Пронајдете не на следниве мрежи: