ТАЈНИ ОД СНИМАЊЕТО НА „ЕЛИФ“: Продуцентите не сакаат јавноста да знае за ова!

Додека гледачите уживаат во случките на омилените ликови од познатата турска серија „Елиф“, на медиумите им се поинтересни случувањата зад камерите.Ви откриваме дел од она што се случува зад кулисите.
Кој ќе биде Елиф?
Беше организиран кастинг за да се пронајде девојче на возраст од 7 до 10 години, кое би требало да толкува комплексен лик. Откако повеќе од 100 девојчиња ги одиграле сцените, во потесен избор останале Изабела Дамла Ѓувенилир (Елиф) и Зејнеп (Тугче). Иако Зејнеп на кастингот ги шармирала продуцентите, челниците од продукцијата одлучиле да ѝ ја доделат главната улога на Изабела, додека Зејнеп ја добила улогата на Тугче. Имено, тие наводно постигнале договор со нејзиниот татко, политичар и бизнисмен од Њујорк, со помош на неговите контакти да се обиде да ја пласира серијата на американскиот пазар.
Дилара добила вистинска шлаканица?
Арзу и Гонџа се лути ривалки на малите екрани, а се пишува дека Дилара Гунес еднаш добила вистинска шлаканица од Мелис којашто ја толкува улогата на Арзу. Имено, еднаш на сцената, кога требало да ѝ удри шлаканица, навистина тоа го сторила со сета сила. Иако се верува дека овие две ѕвезди не се во најдобри односи, тие на социјалните мрежи и во интервјуата се трудат да го опишат својот однос како пријателски, плашејќи се дека вистината би можела да ја намали популарноста на серијата.

Зошто Алтуг Секинер (првиот Кенан) доби отказ?
Алтуг го засакал девојчето штом го здогледал.
„Изабела ме освои со искреноста, едноставноста и харизмата“ – ја фалел пред медиумите својата најмлада колешка, сѐ додека таа на снимањата не почнала да доаѓа во придружба на телохранители.
„Нејзиниот татко инсистираше таа да доаѓа со телохранители на сетот, бидејќи Емре и Ѓулчин лошо влијаат врз неа“ – открил извор од сетот и додал дека на Алтуг тоа не му пречело на почеток.
„Изабела му беше миленичка, но нештата се сменија откако еден од телохранителите тргна да го нападне“ – открил извор од сетот за турските медиуми.
Индонезија доби своја „Елиф“
Тамошниот канал SCTV ги купи правата за снимање на сопствена серија. Така, публиката во оваа земја веќе неколку месеци „ужива“ во домашната верзија од популарната серија, додека паралелно ги следи заплетите од оригиналот.
„Приказната е добро позната и сјајно прифатена. Домашната верзија ги освои срцата на гледачите“ – наведено е од оваа телевизиска куќа.Ви откриваме дел од она што се случува зад кулисите.
Кој ќе биде Елиф?
Беше организиран кастинг за да се пронајде

Пронајдете не на следниве мрежи: