Тајниот договор на Ајзенхауер со вонземјаните – втор дел

Базите на вонземјаните биле изградени под резерватите на Индијанците во Јута, Колорадо, Њу Мексико, Аризона и една во Невада – во областа позната денес на уфолозите како Зона 51. За сето тоа било дадено огромно финансирање. Бил развиен проект “Редлајт” и во согласност со него се започнати експериментални летови на вонземни бродови.
Се верува дека повисоките ешалони на власта во САД направиле посебна тајна служба, чија задача била обезбедување на безбедноста и тајноста на сите вонземски објекти. Исто така се верува дека со цел масовна дезинформација на населението на САД и на целиот свет биле оформени програми познати како “Сина книга” и “Аикидо”. На овој начин сите необјаснети феномени биле припишувани на тајни експерименти на воздухопловните сили.
Но САД и дојденците имале и свои сокриени цели. Експерименти над луѓето се покажале не така безопасни и безбедни. Некои од нив биле насочени кон постигнување на компатибилност меѓу двете раси, каде вонземјаните постигнале успех – жени почнале да раѓаат мутанти. Од своја страна дојденците ги учеле Американците да ја користат технологија за воени цели.
Мировната соработка во последно време виси на конец. Бидејќи луѓето очигледно биле послаби од “браќата по разум”, властите решиле да продолжат со коегзистенцијата, односно да ги затворат очите на прекршувањата на договорот од дојденците. Тоа требало да трае додека САД не добијат оружје, со кое ќе бидат еднакви на вонземјаните. Како резултат на тие напори биле развиени проектите “Џошуа” и “Ескалибур”.
Вистината е некаде таму …
Што се случува понатака, никој со сигурност не знае. Може да се забележи дека многу популарна стана теоријата за заговор на владата со вонземјани (десетици филмови се снимаат на таа тема секоја година, можели тоа да е случајно?). Така постојат во неколку варијанти, меѓу кои најмногу приврзеници има верзијата на военото лице Милтон Купер, убиен во 2001-ва (како што се тврди – од вонземјани). Меѓу уфолозите и во други кругови се вртат најневеројатни гласини за заедничката активност на вонземјаните и Владата на САД.
Се зборува наводно дури и за постоењето на заеднички летови до Месечината и Марс, каде што постојат колонии – наши, а и вонземјаните. Има гласини за локални вооружени конфликти во базите и во лабораториите. А претседателот Никсон, кога му се заканувала интерпелација заради “Аферата Вотергејт”, бил советуван од MJ-12 да си поднесе оставка, за да не се откријат тајните поврзани со вонземјаните. Поради овие тајни убиен и претседателот Кенеди… И така натаму…
Конечно може да се цитира и самиот Купер
“Денес MJ-12 постои и дејствува како и секогаш. Советот за меѓународни односи и неговата ќерка – Трилатералната комисија – управуваат и владеат со Соединетите Американски Држави. Како и странските сојузници, тие се одговорни пред групата “Билдерберг”. Дури и површно истражување покажува дека членовите на советот и на комисијата спроведуваат контрола над важни фондови и над највлијателните средства за јавно информирање, над банки, сите водечки корпорации, над највисоките ешалони на власта.
“Билдерберг”, Советот за меѓународни односи и Трилатералната комисија се тајна влада, која управува со земјата преку MJ-12. Ајзенхауер е последниот претседател кој одлично го познавал и се справувал со проблемот на вонземјаните. Сите наредни претседатели се користеле само информациите обезбедени им од MJ-12 и ЦИА. ”
Каде е вистината? На ова прашање може да се одговори со цитат од серијата “X-Files”: “Вистината е таму некаде…”
 
Првиот дел на текстот можете го прочитате на следниот линк:
https://puls24.mk/mislenja/izdvojuvame/tajniot-dogovor-na-ajzenhauer-so-vonzemjanite-prv-del
Ако ве интересира темава предлагам да се потсетите и на:
https://puls24.mk/mislenja/izdvojuvame/vonzemjani-go-obezbeduvaat-amerikanskiot-pretsedatel-prv-del
https://puls24.mk/mislenja/izdvojuvame/vonzemjani-go-obezbeduvaat-amerikanskiot-pretsedatel-vtor-delБазите на вонземјаните биле изградени под резерватите на Индијанците во Јута, Колорадо, Њу Мексико, Аризона и една во

Пронајдете не на следниве мрежи: