Во јавноста се појавија интимни детали за бракот на кралскиот пар. Камила Паркер Боулд секогаш умеела да го возбуди и задоволи принцот Чарлс.По 10 години брак и уште доста години од тајната врска, интимните детали за животот на принцот Чарлс и Камила Паркер Боулс, испливаа на површина.
Пријателката на Камила раскажа како тие денес не доживуваат многу заеднички моменти, но тоа е затоа што Камила знае како точно треба да постапува со Чарлс. Таа отсекогаш знаела како да се справи со него, како да го разнежи, но и возбуди. Знаела да ги прави сите оние нешта, кои Дајана не ги правела со Чарлс.
„Долго време тоа беше само секс. Камила би му рекла на Чарлс што треба да прави во кревет и нему тоа му се допаѓаше“, открива изворот.
„Тие сега живеат одделно, но одлични се кога се заедно. Камила знае како да го смири, знае кога не треба да биде покрај него, кога треба да го остави да биде сам со себе, кога треба да биде весела, кога треба да му биде поддршка, а кога да биде негова љубовница. Таа е сјајна и точно знае каква жена му треба во било кој момент“, раскажа изворот кој е близок до парот.
Камила денес поминува најмногу време со своите пет внуци во Реј Мил, а принцот ги сака мирот и тишината на Хајгров, каде што ужива во книгите.По 10 години брак и уште доста години од тајната врска, интимните детали за животот на принцот Чарлс и Камила Паркер Боулс, испливаа на површина.



