Тајните служби ги следеле членовите на ВМРО-ДПМНЕ до јуни 2000 година

ВМРО ДПМНЕ како политичка партија и нејзините најекспонирани членови била следена до јуни 2000 година. Иако оваа партија во тој период е на власт од 1998 година, сепак архивските документи што ги објави државниот архив покажуваат активност на службата за безбедност до јуни 2000 година. Ова е само еден од документите за лице кое било предмет на обработка кој покажува дека неговата дрегистрација за следење е направена на 5 јуни 2000 година со образложение дека повеќе не постои причина за понатамошно водење оперативна обработка, објави Сител.Вакви случаи има уште неколку кои се дел од досието Темел, кое службата за безбедност го води за ВМРО ДПМНЕ од почетокот на деведестите до 2000 година.
Во осмиот том од едицијата на државниот архив кој е посветен на случајот ВМРО ДПМНЕ, отворен по независноста има огромен број архивски материјали кои откриваат шокантни потадоци. Од тоа дека новинари, речиси секојдневно давале извештаи во полиција за сите активности на партиското раководство од највисоко до најниско ниво, па се до тоа дека македонскат полиција го регистрирала секој кој влегувал во штабот на ВМРО ДПМНЕ и за секој отворала посебен предмет со посебно кодно име.

Македонските безбедносни служби имаат целосен транскрипт од основачкото собрани на ВМРО ДПМНЕ во Битола, во кое е запишано се од збор до збор, и поименично наведени сите лица кои учествувале на него. Тоа покажува дека тајната полиција на тоа основачко собрание имала голем број свои активисти.
Истовремено со помош на своите извори, а често пати тоа биле и новинари, Полицијата го имала секој план и програма за политичкото дејствување на ВМРО ДПМНЕ. Во објавените архивски матерјали можат да се прочитаат извештаи за тоа кој и кога ќе остварел средба и на ниво на месни комитети на ВМРО ДПМНЕ по градовите.
Досието Темел, кое дел од овој том, како што вчера изјави директорот на Архивот, Филип Петровски никогаш не било предадено од полицијата во државниот архив.
Она што е особено интересно во овој том е моментот што најголем дел од лицата кои биле предмет на следње од 1945 окарактеризирани како вамровски и антијугословенски елементи, подоцна по 1990 се дел од структурите на оваа партија, што покажува еден контиунитет на идеологија, но од друга страна и континуитет на обработка од страна на тајните полициски служби.
Вакви случаи има уште неколку кои се дел од досието Темел, кое службата за безбедност го води за ВМРО ДПМНЕ од почетокот на деведестите до 2000 год

Пронајдете не на следниве мрежи: