Млада публика, вресоци, танцување и многу позитивна енергија… Заврши првиот солистички концерт на Драган Величковски – Тајзи. Еуфоријата синоќа во Универзалната сала започна уште на првата испеана песна „Живеам за тебе“, која не го намали темпото во наредните два часа.Неговата препознатлива динамичност и овој пат направи вистинска забава на самата сцена на која го пратеше бендот „Pimp the beat“ и Аце НЛ, а во паузите не забавуваше диџеј Iwayo. „Љубов“, „Моментот“ се само дел од песните чиј ритам ја тераше цела сала да биде на нозе.
Тајзи се отвори пред публиката… Зборуваше за Македонија, за родното Куманово, за на крај да проговори за љубовта кон своето семејство и покрај сите проблеми со кои се соочиле.
„Татко ми беше наместен и лежеше во затвор, а мајка ми боледуваше од тумор, јас бев скромно дете. Ги сакам многу, нив и сестра ми“, – рече Тајзи на сцената.
Гостин на концертот беше Слаткаристика, а специјално изненадување на вечерта Ферус со кој ја отпеаа нивната заедничка песна „Дими Џам“.Неговата препознатлива динамичност и овој пат направи вистинска забава на самата сцена на која го пратеше бендот „Pimp the beat“ и Аце



