Талибаните убиле 17 авганистански војници

 Талибаните убиле 17 авганистански војници заробени на северот на земјата, во еден од најсмртоносните одделни напади на локалните безбедносни сили во последните неколку години, објавија властите во среда.Војниците биле заробени во саботата додека го обезбедувале конвојот во Бадакшан. Телата ги откриле локални жители во оваа релативно мирна планинска покраина која граничи со Таџикистан, Кина и Пакистан.„Во саботата талибаните поставиле заседа на конвојот на авганистанската војска и грабнале 24 војници. Непријателот погуби 17 војници, чии тела се пронајдени во ноќта меѓу вторник и среда“, изјави заменикот на шефот на полицијата на Бадакшан.Тој додаде дека седум војници се ослободени во замена за талибански затвореници што ги држеше полицијата.Портпаролот на авганистанското министерство за одбрана го потврди инцидентот, но не и бројот на жртвите.Портпаролот на талибаните наведе дека бунтовниците убиле 16 војници, киднапирале 12, од кои 11 размениле.Талибаните тврдат дека војниците се убиени во борба, а не откако биле заробени.
Макфакс Талибаните убиле 17 авганистански војници заробени на северот на земјата, во еден од најсмртоносните оддел

Пронајдете не на следниве мрежи: