Тамара од X фактор: До пред 5 години незнаев да пеам!

Тамара изјави дека до пред 5 години не знаела да пее…Иако може да застане рамо до рамо со светските музички ѕвезди, Тамара за српски Телеграф открива дека не знаела дека може да пее, се додека пред пет-шест години, кога случајно се снимила како пее и открила дека поседува повеќе од просечен талент за пеење.
-Никогаш интензивно не сум се занимавала со музика и никогаш не сум посетувала некое училиште за пеење. Но, отсекогаш потпевнував, па пред неколку години заедно со мојот брат кој свири гитара почнав да го развивам мојот глас и започнав да се занимавам со аматерско пеење, вели Тамара во интервју за српски Телеграф, потенцирајќи дека нејзиниот брат и бил најголема поддршка да започне да пее и да се пријави на неколку музички натпревари.

 
Оваа 25 годишна девојка многумина ја паметат и по учеството во шоуто „Јас имам талент“, каде се натпреваруваше заедно со нејзиниот брат коше  ја придружуваше свирејќи гитара и заедно се пласираа во финалето, каде завршија на шесто место.
Меѓутоа Балканот за неа дозна по нејзиното појавување во Х-фактор.
Но, освен во Јас имам талент и Х-фактор Тамара Младеновиќ се о обиде да ги покаже и докаже своите музички способности и во Операција Триумф во 2008 година, каде за жал отпаднала уште за време на аудициите.
На прашањето како е можно да не помине понатаму ни во првиот круг, Тамара искрено открива дека тогаш не пеела толку добро како сега и дека оттогаш се посветила на пеењето и ги подобрила вокалните способности.Иако може да застане рамо до рамо со светските музички ѕвезди, Тамара за српски Телеграф открива дека не знаела дека м

Пронајдете не на следниве мрежи: