Вчеравечер се одржа седмото издание на Македонскиот радиски фестивал – МАРС 2014 во Универзална сала – Скопје, која традиционално и овој пат се јавува како продуцент и организатор на фестивалот, кој финансиски е поддржан од град Скопје.Водителската двојка во состав Ване Маркоски и Марија од „Бекстејџ“ се покажаа како добитничка двојка која одлично си ја заврши својата работа. На сцената во Универзална сала настапија Биба Додева, Кристина Арнаудова, Тајзи, Викторија Лоба и Дексо, Јоце Панов, Сара Мејс, Бета Хаус, Влатко Лозановски, Димитар Андоновски, Тамара Тодевска.
Најголем аплауз и овации доби Даниел Кајмакоски кој настапи со песната „Лисја есенски“ и ја прими нaградата за Идол на нацијата.
За Апсолутен радиски хит беше прогласена песната „Тажна љубов, среќна песна“ на Тамара Тодевска која се најде на најголем број на листи со највртени македонски хитови испратени од вкупниот број ( над 40) радостаници од цела Македонија. Тамара добива плус парична награда од 60.000 денари и бесплатно користење на Универзална сала во 2015 година исклучиво за свој солистички концерт.Водителската двојка во состав Ване Маркоски и Марија од „Бекстејџ“ се покажаа како добитничка двојка која одлично с



