Таткото и плаќа на ќерката да не користи Фејсбук

 Еден Американец потпиша договор со својата 14 годишна ќерка според кој таа нема да може да ја користи оваа социјална мрежа до крајот на јуни, а тој за тоа ќе и плати 200 долари.Пол Баиер договорот со ќерката го потпишал пред неколку дена и во него е наведено дека таа ќе му даде шифра на својот профил за Фејсбук што тој ќе ја промени и ќе го деактивира профилот за да биде сигурен дека таа нема да го користи, а ако до средината на април не пристапи до мрежата, ќе добие 50 долари, односно ако издржи до 26 јуни ќе добие уште 150 долари.Она што е посебно интересно е што потпишувањето на договорот за некористење на Фејсбук не е идеја на Пол, туку на неговата ќерка. Итрата тинејџерка сакала да заработи пари, па рекла на татка си дека нема да биде на Фејсбук одредено време доколку тој и плати за тоа.Исто така, рекла дека оваа мрежа и досадила, така што избегнувањето на Фејсбук нема да и биде проблем, а покрај тоа, ќе заработи и некоја пара.
Макфакс Еден Американец потпиша договор со својата 14 годишна ќерка според кој таа нема да може да ја користи оваа социјална мрежа до крајот на

Пронајдете не на следниве мрежи: