Таткото на Заев осуден условно бидејќи крадел струја

Loading...

„Панче Заев, таткото на градоначалникот  на Струмица  Зоран Заев крадел струја и  Основен суд Струмица на 13-ти декември  2012 година со пресуда  број 874/2012 година го осудил условно“, рече на денешната прес-конференција Славе Гошев од ВМРО-ДПМНЕ.
„Сторителот  успеал од енегретската мрежа да украде фантастични 15.470 kw односно 144.329 денари.  Од друга страна Фирмата Зови Промет  чиј управител е Панче Заевги има добиено сите тендери  за набавка на детските градинки во висина од 350.000 евра. Односно, само  во последниот мандат на Зоран Заев  сите детски градинки во Струмица набавките ги вршат преку фирмата ЗОВИ ПРОМЕТ чиј управител е токму неговиот татко  Панче Заев“, рече Гошев.
„Истовремено, Зоран Заев изјавува дека наводно помага на сиромашните сограѓани така што им ги  плаќа сметките за струја.Му препорачуваме наместо да ги плаќа тугите сметки  да ги плаќа редовно домашните сметки за струја“, рече Гошев.

 
Превземена од: Курир„Панче Заев, таткото на градоначалникот  на Струмица  Зоран Заев крадел струја и  Основен суд Струмица на 13-ти декември 

loading...