ТАТО НЕ Е СРЕЌЕН: Со багер го демолирал автомобилот на ќерката, а причината е неверојатна!

Еден татко, во налет на бес уништил 10.000 евра вреден автомобил на ќерката. Поради што миленичката толку го налутила?Со мал багер, Мајк Кард превртел црвено Ауди сѐ додека не го уништил, а потоа го објавил тоа на Фејсбук, пренесе „Дејли Меил“.
Покрај снимката, Мајк напишал коментар: „Кога тато има нешто да ти каже“ и приложил хаштаг „тато не е среќен.“
Понатаму не напишал ништо, но коментарот на неговата постара ќерка Ешли откри за што точно станува збор.
Мајк бил бесен што во тој автомобил ја затекнал својата ќерка Тејлор „со дечко со кој не требале да бидат таму, ниту да го прават тоа.“
Татковците можеби тешко го поднесуваат фактот што нивните ќерки созреваат, но дури и Тејлор заслужила казна или опомена. Мајк секако дека можел да најде поевтин начин да ѝ каже што мисли за тоа.
Со мал багер, Мајк Кард превртел црвено Ауди сѐ додека не го уништил, а потоа го објавил тоа на Фејсбук, пренесе „Дејли Меил“.

Пронајдете не на следниве мрежи: