Тажна вест: Откако се дозна дека Дона Арес повторно има рак, пејачката…

Од сознанието дека боледува од карцином на грлото на матката во 2014 година пејачката Дона Арес лавовски  се бореше и  како што  за момент се стори, се избори со  подмолната болест. Но, повторно  ги  растажи  своите фанови откако  на Фејсбук ја објави  тажната вест. Иако нејзиниот статус беше нејасен, пејачката пред еден настап во Данска објави  уште еден и разјасни  некои работи:„Драги мои  фала ви  што  се јавувате, прашувате, пишувате. Точно е дека сум на нови испитувања се борам и  понатаму  на свој начин. Ги очекуваме резултатите, се надевам на најдоброто, или  барем на најблагото. Мојата храброст  не ме напушти! Иако почувствував дека во тој момент моето  тело  го  обзеде некакво негативно чувство, поточно  страв, брзо  го  надминав тоа и  нема да мислам на ништо однапред!
А исто така ми  е мило што имам прилика да настапам и да го најавам настапот на големата дводневна манифестација на отворено „ Stafet for livet“ (штафета за живот), борба против рак на дански начин. Ќе има музика, песни, зумба, храна, пиење. И сето тоа во  природа! Оние кои се борат или  се бореле, носат  жолти маици, па и  јас со  партнерот ќе облечам една таква и  ќе ја раскажам својата приказна и  секако  ќе ги  забавувам сите присутни  онака како  што  најдобро  знам- со музика, клавир, вокал и одбран репертоар!

Нема да дозволам ова сознание да ме дпоколеба, имало и полоши денови! Се додека не сме дошле до хемотерапија, добро  е! Рак во  вистинска смисла на тој  збор. Хемотерапијата е најтешкото, најризичното и  нејлошото искуство, се останато во споредба со тоа е подносливо, затоа животот оди понатаму, но одам и  јас! Понатаму!!!“„Драги мои  фала ви  што  се јавувате, прашувате, пишувате. Точно е дека сум на нови испитувања се борам и  понатаму&nbsp

Пронајдете не на следниве мрежи: