ТАЖНАТА СУДБИНА на Драган Бјелогрлиќ: Соседите открија детали од детството на актерот!

Актерот и режисерот е омилен во родниот крај, а ниту тој ги нема заборавено Баранѓаните, Секое лето е таму и не постои сосед на кого му нема доделено барем мала улога во некој свој филм.Славниот актер, режисер и продуцент Драган Бјелогрлиќ од Баранда, токму таму го поминува најголемиот дел од времето, а неговите соседи секогаш се расположени да зборуваат за него и неговото семејство.
Првата личност која откри нешто за него е бабата Меланија Васиќ. Таа живее веднаш до семејниот дом на Бјелогрлиќ.
„Го знам од мали нозе, секогаш беше добро момче. Драган е жив и енергичен, а неговиот брат Горан некако беше помирен од него во детството. Нивната мајка е чесна и добра жена. Лете, таа постојано е во селото, додека зиме заминува во Белград. Тие се прекрасни соседи! Нивната мајка Нада за Велигден вапца јајца и секогаш носи подароци за моите правнуци“ – вели баба Меланија и открива дека актерот останал без татко кога имал 18 години и оттогаш сам се борел да успее во животот.
„Нивниот дедо изработуваше опинци во нивната куќа. Нивната мајка Нада секогаш се бореше да им го обезбеди најдоброто, а Драган самиот се трудеше да успее и да се едуцира. Не им е лесно на децата кои имаат изгубено родител да продолжат да се борат, но ним тоа им одеше од рака. Колку и да им беше тешко без татко, тие никогаш тоа не го покажуваа, секогаш се трудеа да бидат подобри. Тешко им е на децата од село кога заминуваат во град и се обидуваат да се снајдат. Секоја чест што остварија успех во животот“ – вели Меланија.
„За жал, татко ми почина кога бев пред матура. Еден од последните разговори со него додека лежеше болен во постела беше токму тој дека треба да се занимавам со сериозни работи во животот и тоа поствесно влијаеше на мојот избор да запишам градежен факултет. Но, сфатив дека тоа не е за мене додека студирав. Постоеше страв кај мајка ми и брат ми, но не даваа отпор на мојата одлука. Не знам што ќе се случеше ако татко ми останеше жив, иако мислам дека немаше да ми прави проблеми“ – своевремено велеше Бјелогрлиќ.
Баба Меланија откри дека нејзиниот прв сосед ја ангажирал да глуми во дури три негови филмски остварувања.
„Глумев во дури три негови филмови, за секој чесно ми има платено. Задоволна сум што ја прослави Баранда, далеку се слушна за нашето село. Ми се јави сестра ми од Скопје и ми рече дека ме има видено во филм“ – ја завршила Меланија својата приказна за Блиц пулс.
Неговиот пријател од детството, Зоран Вавиќ, го изјави следното:
„Секогаш беше позитивен како дете, полн со енергија и постојано се стремеше кон повеќе. Мислам дека не успеа да дојде до врвот. Доволни му се само уште некои големи филмски остварувања и мислам дека тогаш ќе стекне голема слава. Треба повеќе да ја воодушеви Србија и околината“.Славниот актер, режисер и продуцент Драган Бјелогрлиќ од Баранда, токму таму го поминува најголемиот дел од времето, а неговите соседи секогаш се р

Пронајдете не на следниве мрежи: