Техно продуцентката и диџејка Vaal викендов во Епицентар

На огромно задоволство диџејката Vaal ќе пушта музика на 25 февруари, сабота во клубот Епицентар.Ниту еден артист досега си ја нема саботирано сопствената кариера, за да се реинкарнира во сосема нова фигура, на една сосема различна музичка сцена. Зад името на младата техно продуцентка и DJ-ка Vaal стои ќерка на Sting и Trudie Styler, семејство кое претставува кралскa rock’n’roll фамилија. Од својата 13 годишна возраст, таа свири гитара и компонира, за подоцна на 18 години да формира бенд “I Blame Coco” со кој ќе биде забележана како одличен, млад артист со неверојатен сензибилитет за експериментирање во алтернативната рок музика.
Но, оддеднаш таа решава сѐ да згасне. Вистинска саботажа на својата кариера. Згаснува FB профилот, сите нејзини слики се повлечени, остануваат само траги од записите кои во денешно време е невозможно да бидат целосно отстранети. Со тоа се раѓа техно продуцентката Vaal која својот интерес за house, techno и експериментална електроника го развивала уште во продукциската работа на материјалите на нејзиниот претходен бенд. Корените на дискографската куќа за која ќе ги издаде првите продукции потекуваат од нејзиниот сегашен дом Brooklyn, New York, каде и ја започнува дружбата и соработка со DJ Tennis кој е дел од дуото “Thugfucker” и Matteo Milleri од техно дуото “Tale Of Us”. Така, Life and Death Records ќе успеат својот концепт да го приближат токму до најмладата техно публика која многу добро го разбира длабокиот, мелодичен, техно звук.
Поради својата rock'n'roll и jazz позадина, Vaal не е свесна за строгите правила која ја дефинираат и чуваат електронската музика затоа и не се плаши ги скрши. Денес Vaal издава за Afterlife и е почитуван продуцент и DJ-ка која е постојано во потрага по нова територија за освојување.
Клабери време е за журка: Ниту еден артист досега си ја нема саботирано сопствената кариера, за да се реинкарнира во сосема нова фигура, на една сосема различна му

Пронајдете не на следниве мрежи: