Телефон сопира куршум и го спасува сопственикот!

Веројатно сите сме запознаени со неверојатните нешта кои може да ги направи просечен паметен телефон. Освен повиците и пораките, овие уреди ни ги покажуваат временските услови во реално време, цените на акции, па ни дозволуваат и да играме Angry Birds…Едно нешто дефинитивно не очекувавме од нив – да ни служат како панцир, да спречат куршум и да го спасат нашиот живот. Океј, од Nokia телефоните ова немаше и да биде неочекувано! 🙂
Во Florida, неименуван продавач едвај „извади жива глава“ откако ограбувачот пукнал директно во него. Сето ова се случувало на бензинската пумпа која злосторникот пробувал да ја ограби. Тој им наредил на двајцата вработени да го отворат сефот, но кога тие не можеле – тој го застрелал едниот. За среќа, жртвата имала HTC Evo 3D телефон, кој го спречил куршумот и со тоа го спасил сопственикот.

Крадецот сеуште не е фатем, а продавачот има само минимални повреди. Нашиот херој, телефонот, за жал не преживеа. Иако звучи како од некој Џејмс Бонд филм, сепак навистина паметните телефони може да го спасат нашиот живот!
Извор:gsm.mkЕдно нешто дефинитивно не очекувавме од нив – да ни служат како панцир, да спречат куршум и да го спасат нашиот живот.

Пронајдете не на следниве мрежи: