Телеграми со сочувство до Москва за падот на рускиот авион во Црно Море

По повод денешното уривање на рускиот воен авион Ту-154 во источниот дел на Црното Море во близината на Сочи, при што загинаа сите 93 патници и членови на екипажот, телеграми со сочуство до Москва упатија голем број светски лидери.Германската канцеларка Ангела Меркел, како што соопшти заменик-портпаролот на Владата во Берлин, Улрике Демер, упатила сочувство по повод несреќата лично до рускиот претседател Владимир Путин.
Сочувство до Москва упати и германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер.
– Веста за падот на рускиот воен авион со голем број на патници над Црното Мoре ме испллни со длабока тага. Нашите надежи се дека можеби има преживеани кои може да бидат најдени и спасени, се нагласува во пораката на Штајнмајер.
Како што соопшти германското Министерство за надворешни работи, Штајнмајер им изразил и поддршка на „семејствата и роднините на жртвите на ужасната несреќа“.
Сочувство до Москва и до семејствата на загинатите изразија и италијанскиот министер за надворешни работи Анџелино Алфано и францускиот амбасадор во Русија, Жан-Морис Рипер.
Турското Министерство за надворешни работи исто така изрази сочувство до Русија по повод авионската несреќа, а сочуство до семејстата на загинатите упати и министерот за одбрана на Турција, Фикри Ишик.
Српскиот премиер Александар Вучиќ ја посети руската Амбасада во Белгард и лично му изрази сочувство на амбасадорот Александар Чепурин.
– На овој тежок ден исполнет со болка за целиот руски народ, сакам да ви кажам дека граѓаните на Србија ја споделуваат вашата тага, изјави Вучиќ.
Телеграма со сочувство до Путин, „во свое и во име на целиот бугарски народ“, испрати и претседателот на Бугарија, Росен Плевнелиев.
– На овој светол празник Божик, кој Бугарите го празнуваат денеска, нашите срца тагуваат заедно со вас и со блиските на загинатите и со целиот руски народ, порача Плевнелиев.
Како што јави ТАСС, телеграми со сочувство до Путин упатиле и претседателите на Азербејџан и Казахстан, Илхам Алиев и Нурсултан Назарбеав.
Најдлабоко сочувство до Путин и до семејствата на загинатите изрази и сирискиот претседател Башар ел Асад, кој при тоа нагласи дека Русија и Сирија како „партнери во благодарниот поход против тероризмот, споделува исти радости и страдања“.Германската канцеларка Ангела Меркел, како што соопшти заменик-портпаролот на Владата во Берлин, Улрике Демер, упатила сочувство по повод несреќата

Пронајдете не на следниве мрежи: