Теловска: Заев ја враќа Македонија назад со своите сепаратистички идеи

Со Рамковниот договор се направија законски измени и се заврши тоа прашање. Ете, поради таа перцепција можеби не беше начинот вистински на кој беше барано, но ете се согласивме, се потпиша тој договор, таа перцепција сакаме да ја снема и веројатно полека ја снемува, вели Нермин Теловска.– Дека дел од народите се чувствува дискриминирано во ова општество и токму помисливме, како што и кажавте, дека тргаме напред од таа точка, дека е тоа минато и одиме напред и работиме на проекти кои ја јагнат економски нашата држава, ние сега се враќаме назад и знаеме сите, јасно ни е зошто се враќаме назад на оваа тема. Некој оди и пропагира нешто, јас искрено да ви кажам, верувам дека граѓаните на Македонија без разлика Албанци, Турци, Македонци… се многу умни луѓе и нема да потпаднат под некои такви влијание, ниту ќе поверуваат во нешто такво. Не е вкусно, не е убаво, претседател на најголемата опозициска партија да оди и со граѓаните да им кажува пример за Швајцарија, еве јас би го замолила да оди малку да истражува во Боска, па да им каже примерот на Босна и кантоните во Босна како функционираат, многу подобро. Имаме милион примери околу нас, знаеме дека не сме сами, нели влијанија, уште повеќе соседите имаат влијание, нашето историско минато, политиките на соседите, случувањата, конфликтот на Косово ако сакате, војната во Босна, вака си размислувам зошто ова прашање секој пат е многу сензитивно и внесува многу емоција кај луѓето, иако од секогаш тука живееле и живеат, и ако излеземе сега на улица и прашаме граѓани, сите ќе кажат дека немаат проблем со својот сосед Македонец, Албанец, Влав, Црногорец или било кој и да е друг, кажа Теловска при гостувањето во Отвореното студио на ТВ Нова посветено на предвремените парламентарни избори во Македонија.
Теловска смета дека лидерот на опозицијата, Зоран Заев ја враќа Македонија назад со своите, како што вели, сепаратистички идеи:
– Како логопед по професија, работам со деца, јас обично сум човек за тие што не ме познаваат, да ги гледам работите од некој позитивен аспект и сакам секогаш со позитивна критика, но не можам да останам рамнодушна. Морам да го искористам овој момент, се надевам нема да ми замерите, човек којшто го учи своето дете, конкретно својата ќерка, да не сака одреден јазик, баш штета. Зоран Заев излезе јавно и кажа „зошто мојата ќерка да учи турски јазик, нема да учи турски јазик“ и така натаму, не сакам повеќе да го цитирам, па 8% или 7% живеат во Струмица. Јас сум Турчинка. Несфатливо е за мене, и мислам дека неговото појавување со некои такви сепаратистички идеи наместо програма за напредок на државата не донесоа назад, еве не враќаат да повторно зборуваме на вакви теми кои мислевме дека ги надминавме, смета Теловска.– Дека дел од народите се чувствува дискриминирано во ова општество и токму помисливме, како што и кажавте, дека тргаме напред од таа точка,

Пронајдете не на следниве мрежи: