Тепачка за Евровизија-Сеуште не се знае каде ќе се одржи во 2015година!

Победата на Кончита Вурст се уште е еуфорична, а веќе во Австрија се води битка за тоа кој ќе ја организира следната Евровизија…Непосредно по прогласувањето на победата, австриската државна телевизија ОРФ веќе ја започнала дискусијата за тоа во кој град ќе се одржи следната Евровизија.
Шефовите на телевизијата се пред големи проблеми, бидејќи мораат од потребните 25 милиони евра, колку што се проценува дека чини ова шоу, сами да најдат околу 15 милиони евра. Во Виена изборот би можел да се одржи во градската сала Штатхале, која собира 16.000 луѓе, но таа е изградена во 1958-та година, па не е во склад со современите технолошки иновации.
Шефот на ова издание Волфганг Фишер, нагласува дека во Австрија не постои поголема сала која би можела да прими многу луѓе. Штатхале годишно одржува околу 250 големи манифестации, па е подготвена без проблем да ја организира и оваа. Алтернатива е градската сала во Грац, но и други градови се нудат за потенцијални организатори на манифестацијата. Тука е и градот Клагенфурт, чиј стадион прима околу 30.000 луѓе и е опремен со најновата технологија.  И Салцбург како град на Моцарт и музиката е во игра.
Од друга страна и победничката Кончита Вурст сака да биде домаќин на јубилејното 60-ти издание на Евровизија.
„Со задоволство би сакала да бидам домаќин на Евровизија 2015-та“, – изјави Кончита пред директорите на ОРФ.Непосредно по прогласувањето на победата, австриската државна телевизија ОРФ веќе ја започнала дискусијата за тоа во кој град ќе се одржи следната

Пронајдете не на следниве мрежи: