Терористите на Ал Каеда се посрамотија при напад на американски брод

Најновиот обид за терористички напад под водство на се уште најозлогласената терористичка организација Ал Каеда доживеа целосно фијаско. Новооснованата подружница во Индија испланирала опасен план за напад на американскиот носач на авиони УСС Џорџ Вашингтон за кој мислеле дека се наоѓа во пристаништето на пакистанскиот град Карачи.Но, добро вооружените терористи наместо на носачот со нуклеарен погон влетале на пакистански брод кој тој ден се наоѓал на негово место во пристаништето. И покрај тоа што нападот од 6. септември бил целосно промашување, Ал Каеда  ја презела одговорноста со напомена дека сите учесници во акцијата биле припадници на пакистанската морнарица.
– Загинатите морнарички офицери беа припадници на Ал Каеда. Се обидуваа да нападнат американски маринци и нивни сојузници. Ги проколнуваме пакистанските војници кои загинаа бранејќи ги непријателите на муслиманите, објави Ал Каеда по нападот погрешно верувајќи дека нападнале американски брод.
Иако терористите порачаа дека во нападот учествувале 10 поранешни припадници на пакистанската морнарица, набрзо било утврдено дека имало само еден. Се појавиле и тврдења дека Ал Каеда во овој напад воопшто не учествувала, но поради силната конкуренција во Исламската држава која настанала од самата Ал Каеда наводно станала толку очајна што по секоја цена решила да ја преземе одговорноста за да го поврати загубениот кредибилитет во терористичките води.
Поради ваквото фијаско Ал Каеда стана предмет на исмевање на социјалните мрежи од приврзаниците на Исламската држава кои и порачуваат дека „нејзиното време помина“.Но, добро вооружените терористи наместо на носачот со нуклеарен погон влетале на пакистански брод кој тој ден се наоѓал на негово место во пристани

Пронајдете не на следниве мрежи: