Тешка сообраќајка во гостиварско: Два мерцесеси се судрија, возачите во болница

Два автомобили марка „Мерцедес“ се судриле попладнево околу 16 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево кај гостиварско Ново село во близина на селските гробишта.Од СВР Тетово информираат дека во сообраќајната несреќа учествувале две возила „Мерцедес“, со скопски и охридски регистерски ознаки. По сообраќајката едниот „Мерцедес“ удрил во „Сеат Ибица“ со скопски таблички.
Со две возила на итна медицинска помош во гостиварската болница се пренесени двајцата возачи, но каракатерот и видот на повредите ќе бидат познати по завршувањето на лекарските прегледи.
Од АМСМ информираат дека сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента, а полицијата врши увид по што се очекуваат повеќе детали.

ФОТО: Ѕид на сообраќајниот срамОд СВР Тетово информираат дека во сообраќајната несреќа учествувале две возила „Мерцедес“, со скопски и охридски регистерски ознаки. По

Пронајдете не на следниве мрежи: