Тешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола!

Тешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола близу селото Лагово. Во директен судир меѓу мотор и автомобил опел со прилепски регистарски таблички попладнево тешко е повреден моторџија од Велес.Според првичните информации, сообраќајната несреќа се случила при директен судир при што од брзината моторот излетал на кровот од автомобилот.
Среќа во несреќа е што од ударот мотороџијата наместо на асфалтот паднал во канал близу патот.
Минал само со скршеници на рамото и е хоспитализиран во прилепската општа болница. На оваа сообраќајна несреќа биле зачудени и истражните органи кои вршат увид и ги утврдуваат причините.
Најпрвин добиле впечаток дека моторот се има превртено, а возачот на автомобилот го има товарено моторот за да го транспортира.
Подоцна при увидот и разговорот со еден од учесниците во сообраќајката утврдиле дека од брзината и силата при ударот моторот застанал на кровот од опелот.Според првичните информации, сообраќајната несреќа се случила при директен судир при што од брзината моторот излетал на кровот од автомобилот.

Пронајдете не на следниве мрежи: