Тешка животна приказна на сопругот на Јелена Карлеуша!

Гламур, пари и  многу  фанови… тоа е она што  веројатно прво  го помислувате кога ќе ги  замислите приватните животи  на познатите ѕвезди. Но за некои патот до успехот не бил лесен. Таква е и  животната приказна на фудбалерот Душко  Рошиќ, сопруг на пејачката Јелена Карлеуша.Српскиот реперзентативец израснал во мало  село Орловат кај Зерењанин, во куќа полна со љубов и со малку  финансиски средства за живот. Родителите на Душко биле толку сиромашни  што  неговиот татко  Милорад морал да го прати  во  дом за деца каде се образувал и  воедно тренирал спорт, од кој  успеал да заработи милиони.
Им недостигаат внуците
„Мојот Душко беше неколку години  во интернат за да се образува и  да тренира фудбал, таму  имаше редовни оброци, што  е многу  важно за дете во развој. Сега е многу успешен и  многу  сме горди на него. Го оствари  својот сон. Живее во голем град. Јас и  мојата сопруга сме стари, живееме тука бидејќи ни  е убаво. Природата е околу  нас, свеж и чист воздух. Ништо не ни  фали, а би  сакале внуките да ни трчаат  по  дворот. Не знаете колку им е убаво  на Атина и  Ника тука. Но, да не зборувам веќе, ќе ме кара сопругата“, љубезно зборува Милорад, таткото  на Душко.
Имал јасна цел
Соседството на прославениот фудбалер има само  пофални зборови за семејството Тошиќ.

„Душко навистина имаше тешко детство. Неговите родители беа сиромашни, но  се горди и добри луѓе. Бидејќи сакаше да тренира фудбал, по основно училиште Милорад го однесе во  Зрењанин и  го даде во  дом за да се образува и  воедно  да игра фудбал. Заминувањето од малото  село во град за Душко било остварување на сонот. Знам дека на родителите им ги бакнувал рацете кога доаѓал дома бидејќи му ја исполниле желбата и  го пуштиле во тој интернат. Не му  пречело што  таму  престојувал со  напуштени деца бидејќи имал јасна цел. Па што би било од него  ако останеше во  Орловат? Ништо!“, раскажува мештанин кој инситирал на анонимност.
Тој  раскажал дека Тошиќ умеел да се искраде од дома и по цела ноќ да гледа фудбал кај соседите бидејќи неговите немале телевизија.

 
„Се сеќавам како Душко го молеше соседот да гледа кај него фудбал бидејќи неговите немаа телевизор. Седеше на кревет, а топката му  беше под нозете. Се случуваше и  да заспие со  телевизорот и татко му во раце  да го однесе дома. Душко  е класичен пример како  од кал може да се дојде до врвот доколку  сакаш  да ја оствариш  целта“, објаснува некогашниот сосед на Душко.

Упорно  дете
 Во  Домот за ученици од средното училиште „Ангелина Којиќ Гина“ раскажуваат дека сопруот на Јелена Карлеуша еден период од своето детство го  минал кај нив.
„Точно  е дека Душко беше во нашиот дом. Бидејќи живееше на село, а сакаше да тренира фудбал, родителите го запишаа кај нас. Редовно одеше дома кај своите и тие одеа да го гледаат. Тогаш нашата установа имаше дел за незгрижени  деца, но  тој   беше сместен во интернатот. Тоа беше одамна, но  се сеќавам дека беше упорен и  дека по  цел ден играше фудбал на училишниот терен“, раскажува еден од професорите во установата.Српскиот реперзентативец израснал во мало  село Орловат кај Зерењанин, во куќа полна со љубов и со малку  финансиски средства за живот. Р

Пронајдете не на следниве мрежи: