Тешки обвиненија на сметка на Џоли: Ја искористи мојата приказна за да го подобриш својот имиџ

Холивудската ѕвезда, Анџелина Џоли се најде во центарот на скандал кога една жена од Етиопија ја обвини дека ја искористила нејзината животна приказна да сними филм без нејзина дозвола.Абераш Бекеле (32) е лута на филмската ѕвезда поради користење на нејзината животна прикзна без нејзино знаење или согласност и без никаква финансиска надокнада. Таа ја обвинила Џоли дека ја експлоатирала нејзината приказна за силување за да сними филм кој ќе го подобри нејзиниот имиџ како борец за човекови права.
Абераш Бекеле била киднапирана за присилно да биде омажена. Побегнала од своите киднапери, но дури откако убила еден од нив, за што подоцна била судена. Иако судот ја ослободил, старешините на заедницата во која живеела ја присилиле на прогонство далеку од својот дом и семејството.
Филмот бил прикажан минатата година на глобалниот самит  за спречување на сексуално насилство во судирите, а Анџелина, која била продуцент на филмот снимен според животната приказна на оваа девојка, кажала дека оваа приказна ќе „направи промени во светот“.
Но Абераш верува дека филмот, кој освои награди ширум светот, може да ја доведе нејзе и нејзиното семејство во опасност од одмазда. Таа никогаш не била консултирана од страна на филмските творци и нејзе и не им дала дозвола да ја искористат нејзината приказна за филмот. Во сценариото не е користено нејзиното висинско име, туку било преименувано во Хирут. Првобитно продуцентите не сакале да признаат дека се работи за нејзе.

„Абераш се чувствува двојно изманипулирана  бидејќи не признаа дека приказната е нејзина. Таа е невидлива, а нејзината приказна е земена. Тоа е апсурден срам“, рекол нејзиниот адвокат.
Минатата година, оваа жена добила судски налог за забрана на филмот во Етиопија. Надвор од судскиот договор успеала да  наплати мала сума на пари, но таа и нејзиното семејство и понатаму живеат во беда.

„Мојот живот е на финансиски раб додека тие планираат пермиерно да ја прикажат приказната  на гламурозен начин. Тоа не е во ред“, додала таа.
Анџелина (39), мајка на 6 деца и сопруга на Бред Пит, позната е по својата хуманитарна работа. Добитничката на Оскар е специјален пратеник на Високиот комесаријат на Обединетите нации за багалци и наградена е со почесна награда од британската кралица, за сега никој од тимот на Џоли не се огласил  за овие обвинувања.Абераш Бекеле (32) е лута на филмската ѕвезда поради користење на нејзината животна прикзна без нејзино знаење или согласност и без никаква финанси

Пронајдете не на следниве мрежи: