недела, 15 ноември 2026
Најново

Тешко повреден пешак, осум сообраќајки вчера во Скопје

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Пешак се здобил со тешки телесни повреди во една од вкупно осум сообраќајни незгоди што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во четири незгоди со полесни телесни повреди се здобиле шест лица, а во три е причинета материјална штета.Полицијата вчера презела казнени мерки поради поголем број прекршоци. Седум возачи  се движеле со брзина поголема од дозволената, шест поминале на црвено светло на семафор, а 15 возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Санкционирани се пет пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор. Затекнати се 34 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 42 возила.
Одделението за превенција денеска ќе одржи посебна воспитна мерка – сообраќајна поука, на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возач на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл.
Во рамки на сообраќајно-воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, Одделението за превенција ќе реализира едукативни работилници со ученици од четврто одделение во ООУ „Рајко Жинзифов“  во општина Кисела вода.  Полицијата вчера презела казнени мерки поради поголем број прекршоци. Седум возачи  се движеле со брзина поголема од дозволената, шест поминал

Поврзани вести