Тест за девојки: Колку сте секси?

Дали знаете колку сте секси и полни со самодоверба?
Кое е вашето главно оружје во освојување на мажите, таинственоста, животната радост, нежноста или силата на карактерот?Откријте која е вашата најголема тајна за освојувањето на машкиот пол со следниов тест:

 

1. Поминувате покрај градилиште. Работниците свиркаат и ви довикуваат. Што ви поминува низ главата?А) Очигледно сум многу секси, но искрено речено тоа и го знаев.Б) Се прашувам кога ќе можеме ние жените да им свиркаме на мажите?В) Мажите се супер – веднаш ме расположуваат.Г) Тие и не знаат кому му свиркаат. Среќа што не знаат која сум.
2. Која од следните ситуации го поткрева нивото на вашата самодоверба?А) Кога ќе излезете во фустан во кој совршено изгледате и сите се вртат по васБ) Ако сте поцрнеле и сте се вратиле освежени од годишен одморВ) Ако седите со пријателите во ресторан каде што владее добро расположениеГ) Ако на седенка чуете дека се зборува за вас
3. Кога маж прв пат ќе ве посети во вашиот дом и делува прилично несигурно, што ќе направите?А) Ќе го бакнете страсно и ќе му дозволите да ве галиБ) Ќе започнете разговор за некоја актуелна темаВ) Ќе го прашате дали повеќе би сакал пијалак или би сакал да ја погледне спалната собаГ) Долго ќе го гледате во очи знаејќи дека нема да може да му одолее на вашиот поглед
4. Се чувствувате привлечно кога….А) Носите фустан со длабоко деколте или тесно припиени пантоланиБ) Ако на себе имате фармерки и тесна маицаВ) Ако едноставно делувате женственоГ) Ако знаете да делувате истовремено секси и недопирливо
5. Кој машки комплимент најмногу ве возбудува?А) Ти си неодоливаБ) За мене преставуваш најголем предизвикВ) Покрај тебе се чувствувам многу пријатноГ) Секогаш за мене ќе останеш мистерија
6. Во која ситуација замислувате дека мажот сигурно ќе ви изрази љубов?А) Излегувате голи од моретоБ) Сте се качиле со него на врв од планина, исцрпени сте и среќниВ) Го сервирате неговото омилено јадење во релаксирана атмосфераГ) Го чувствувате неговиот поглед – и само таинствено се смешкате
7. Ако сте актерка, кои улоги би ги глумеле?А) Комични, на пример, Мерлин Монро во филмот „Некои тоа го сакаат жешко“Б) КарактерниВ) Улоги на срдечни жени – како Жилиет Бинош во „Англискиот пациент“Г) Улоги на таинствени и еротични жени – како Шерон Стоун во филмот „Ниски страсти“
8. Што е за вас најдобар подарок кој би можеле да го добиете од саканиот маж?А) Покана за вечера во некој елитен ресторанБ) Егзотично патувањеВ) Викенд во некој романтичен хотелГ) Скап парфем или еротска долна облека
9. Што според вашето мислење е најпривлечно кај вас?А) Градите и задникотБ) Веселоста и темпераментотВ) Срдечноста и привлечностаГ) Еротското зрачење
10. Многумина не гледаат дека вие сте….А) Во суштина меланхолична и романтична личностБ) Многу топло и чувствително суштествоВ) ИнтелигентниГ) Верни
11. Кој доказ на нежност најмногу ви се допаѓа?А) Бакнеж во устаБ) Многу страстен и предизвикувачки бакнежВ) Кога мажот ви ги гали градитеД) Бакнеж во врат
12. Кога сте сами дома што правите најмногу?А) Читате некоја еротска книгаБ) Се занимавате со гимнастика и јогаВ) Подготвувате некое убаво јадењеГ) Се дотерувате и се негувате
13. Како изгледа вашиот маж од соништата?А) Како заштитник кој што има впечатливи црти и широки раменициБ) Многу е шланк, има секси уста и делува чувствителноВ) Делува паметно, но при тоа не глуми интелектуалецГ) Делува весело, релаксирано и многу секси
Доколку го решивте одговорите можете да ги погледнете на следната страна:

 
Најмногу одговори A
Извор на животна радост
Вашиот сексапил се крие во речиси наивната животна радост и задоволство со сопствениот изглед. Сметате дека погрешно ве процениле ако во вас гледаат површно суштество. Само мал број мажи ќе може да видат дека ви е потребна заштита. Би морале да бидете повоздржани бидејќи копнеете за маж кој од вас не бара само секс туку треба да биде тука и кога работите ќе тргнат надолу.
Најмногу одговори Б
Борбениот дух е вашата сила
Вашата љубопитност и динамичност ги привлекува мажите затоа што со право заклучуваат дека со вас никогаш не е досадно. Вие не делувате како комплицирана личност што на мажите им е многу важно. Кај вас се гледа дека сакате акција, само вашата нежна страна не е доволно изразена ниту пак се гледа дека од партнерот барате романтика. Ако сакате мажите да ве видат во вистинското светло немојте секогаш да се однесувате и да се облекувате лежерно. Елегантниот фустан, новата фризура и шминка ќе ве направат уште попривлечни.
Најмногу одговори В
Тивко пристаниште
Вие сте вистинска жена и тоа го гледа секој маж. Го привлекувате спротивниот пол затоа што мажите сметат дека покрај вас може да бидат сигурни. Вие нема да ги критикувате ако згрешат. Вие сте сексапилни благодарејќи на тоа што се сакате себе си и што размислувате што би можеле да смените. Ве навредува фактот што некои сметаат дека вашата интелигенција не е важна бидејќи баш таа ја дава длабочината на вашата привлечност. Немојте секогаш да делувате заштитнички. Придружете му се на интересниот разговор, предложете нешто возбудливо, покажете ја другата страна.
Најмногу одговори Г
Вие сте магична жена
Ги „побудалувате“ мажите затоа што делувате недопирливо. Во светот на егзибиционизмот и отвореноста вие сте речиси магична жена. Мажите не ги привлекува само она што го гледаат, туку и она што е скриено. Фатални сте. Мажите чувствуваат дека имате повеќе искуство отколку што се гледа на прв поглед. За жал, тоа кај многумина предизвикува страв, бидејќи се плашат дека не ви се дораснати. Според тоа, направте го првиот чекор, отфрлете ја својата недопирливост и бидете нежни. Тоа е вистински сексапил.Откријте која е вашата најголема тајна за освојувањето на машкиот пол со следниов тест:

 

Пронајдете не на следниве мрежи: