Тетовирањето ќе се забрани: Во мастилото се пронајдени токсични материи!

Мастилото кое се користи за тетовирање веројатно го зголемува ризикот од рак и поради би требало да биде забрането, ова е новото предупредување на Европската агенција за хемикалии.Таа агенција објави извештај според кој мастилото може да предизвика проблеми со кожата, вклучувајќи и алергиски реакции и чешање кое трае со години, а покрај тоа го зголемува и ризикот од рак.
Во извештајот пишува и дека може да влијае на плодноста.
Агенцијата наскоро ќе објави список на хемикалии кои се користат во правењето на мастилото за тетовирање, а се истражува и можноста наскоро да биде забрането ширум Европската Унија.
Црвеното мастило за тетовирање е прогласено за најопасно, а потенцијален ризик носат синото, зеленото и црното.
„Многу извештаи покажуваат да супстанциите во мастилото се потенцијално канцерогени, мутагени или предизвикуваат репродуктивен токсичен ефект“, пишува во извештајот.
Кога хемикалијата е мутагена, тоа значи дека може да ги промени ДНК клетките и да доведе до дополнителни мутации кои потоа можат да доведат до развој на канцер.
Ако е потребна забрана на овие супстанци, тоа би требало да стапи на сила за една година.Таа агенција објави извештај според кој мастилото може да предизвика проблеми со кожата, вклучувајќи и алергиски реакции и чешање кое трае со годин

Пронајдете не на следниве мрежи: