ТЕЖОК ДЕН ЗА АКТЕРОТ: Ќе сведочи против сериски убиец!

Ештон Кучер се подготвува да сведочи против маж кој е осомничен за бруталното убиство на неговата поранешна девојка.На Мајкл Томас Гаргиуло, му се суди за убиство на три жени, вклучувајќи ја и 22-годишната Ешли Елерин која била убиена на 21 февруари 2001 година.
Денес, 36-годишниот актер ретко зборува за нејзината смрт, но во писмените изјави кои ѝ се предадени на полицијата, се откриваат шокантни детали за тоа што го видел ноќта кога е убиена.
Ешли, која во Лос Анџелес живеела само неколку улици подалеку од убиецот, била нападната додека се туширала – Гаргиуло дури 47 пати ја избодел со нож и готово ѝ ја отсекол главата.
Ештон подоцна им рекол на детективите дека двапати се јавувал во текот на вечерта, но таа не реагирала.
Нешто по 22 часот, Ештон дошол до нејзината куќа, здогледал паркиран автомобил пред влезот и по упорно тропање погледнал низ прозорецот. За темната дамка на подот, помислил дека е направена од вино. Актерот рекол дека мислел на тоа дека Ешли му е лута и дека не сака да отвори, бидејќи претходниот ден не се појавил на закажаната средба.
Убиената Ешли била пронајдена од нејзината цимерка, а изјавата на Кучер би можела да биде пресудна при сведочењето против овој сериски убиец. На Мајкл Томас Гаргиуло, му се суди за убиство на три жени, вклучувајќи ја и 22-годишната Ешли Елерин која била убиена на 21 февруари 2001 година.

Пронајдете не на следниве мрежи: