„The National Interest“: Руската воена сила на Антарктикот е огромна!

Влијателниот американски магазин “The National Interest” објавил студија во рамките на која се анализира позицијата на Русија на Антарктикот, а заклучокот е нешто од што треба да се плаши целиот свет.Инаку, Антарктикот се смета за важна гео-стратешка точка поради особено важниот феномен за топење на ледот, пред се затоа што тоа овозможува полесни длабински истражувања на водата и минералите, како и на сите останати природни богатства кои што се кријат на овој континент.
Не треба да зачудува фактот дека Русија е богато воено опремена на Антарктикот, објавил магазинот “The National Interest”, додавајќи дека Русија со години се подготвувала да го освои Арктикот, а покрај тоа, оваа земја има и искуство за ваквите походи уште од периодот на Советскиот сојуз.
Така, споменатиот магазин тврди дека Русија на Арктикот има четири нуклеарни бродови за кршење на мразот кои што се клучни за операциите во овој регион и имаат стратешка важност за потенцијалните воени делувања, додека пак САД и Канада имаат само неколку обични бродови по должината на граничниот појас.
Покрај тоа, под мразот во овој регион се стационирани и моќните руски подморници Ајкули, поточно вкупно шест подморници кои што се помоќни во однос на подморниците на западните земји.
Авионите MiG 31, со врвни предиспозиции за летови со поинаков воздух и притисок, се уште еден адут за борба против американските борбени авиони. Моментално на Арктикот Русија има повеќе од 200 вакви авиони.
Иста е и ситуацијата кога станува збор за бомбардерите Tu-95 и Tu-142, кои што исто така се создадени за специфични простори, како што е Антарктикот, било наведено во статијата објавена од страна на “The National Interest”.
“Овие воени направи тешко може да бидат поразени на простор од 5.000 километри, колку што е бробениот радиус на Антарктикот”, изјавил воениот експерт Роберт Фарли во интервјуто за споменатиот американски магазин.
Фарли навел дека на Антарктикот се разместени и најразлични елитни специјални единици на војската на Руската Федерација, кои што уште од периодот на Советскиот сојуз биле специјално обучувани за напади на единиците на НАТО и за војување во посебни услови.Инаку, Антарктикот се смета за важна гео-стратешка точка поради особено важниот феномен за топење на ледот, пред се затоа што тоа овозможува полесн

Пронајдете не на следниве мрежи: