Threads го помина X по број на корисници

Според новите анализи, Threads моментално има предност пред мрежата X кога станува збор за мобилни корисници.

Платформата за кратки објави на „Мета“ имаше околу 141,5 милиони дневни активни корисници на Android и iOS уреди во јануари, додека X остана на околу 125 милиони.

Овој резултат не изгледа како минлив тренд, бидејќи Threads бележи постојан раст веќе долго време, додека X губи активни корисници во истиот период. Поддршката на Meta, која активно го промовира Threads преку и Instagram, Facebook .

Сепак, на интернет, рамнотежата на моќ е сосема поинаква. Иако Threads полека расте, со околу 8,5 милиони дневни посети, X сè уште доминира убедливо со повеќе од 145 милиони дневни активни корисници на веб-платформата.

The post Threads го помина X по број на корисници appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: