„Ти ми беше идол“ – емотивно писмо од Фелипе Маса до Шумахер

Поранешната ѕвезда на Ферари, Фелипе Маса напиша емотивно писмо до својот некогашен колега Михаел Шумахер.„Драг Михаел, драг мој пријателе, исто како што ти мене ми помогна во мојата кариера, така и јас за тебе се молам со сето свое срце секој ден. Кога возев картинг, твоето име ја красеше мојата кацига, ти ми беше идол. А, сега имам огромна потреба да те видам и да те прегрнам. Боже, те молам, тој е мојот брат. Се надевам дека ќе оздраве брзо. Бог да те благослови“, напиша Маса.
Ако некој воопшто може да го разбере Шумахер, тоа е токму  Фелипе Маса, бидејќи во 2009 година доживеа тешка несреќа  во текот на квалификациите за големата награда во Унгарија и за чудо остана жив. Поради тешките повреди на главата, исто така, беше во вештачка кома и преживеа неколку исклучително комплицирани операции. Целото тоа време со него во болницата во Будимпешта беше неговиот „помлад брат“ Михаел Шумахер.
Маса преживеа и се опорави, да се надеваме дека Шумахер наскоро ќе му се реваншира.„Драг Михаел, драг мој пријателе, исто како што ти мене ми помогна во мојата кариера, така и јас за тебе се молам со сето свое срце секој ден

Пронајдете не на следниве мрежи: