Тие им се заканија на џихадистите: Ќе зажалите доколку одлучите да нѐ нападнете!

Група милитанти од Корзика ги предупреди терористите на ИСИС дека жестоко ќе им возвратат доколку изведат било каков напад на нивниот остров. Истовремено, тие ги повикале сите корзикански муслимани на единство.Националниот ослободителен фронт на Корзика, во изјавата за локалниот весник, предупредува дека на секој терористички напад на земјата на Коризика ќе одговори „соодветно, жестоко и без грижа на совест“. За евентуален терористички напад на Корзика, додаваат, би била одговорна и француската влада.
„Вашата средновековна филозофија не нè плаши“ – рекле корзиканските националисти повикувајќи наладнокрвно соочување со варваризмот.
Корзиканските муслимани ги повикале да го отфрлат радикалниот ислам и да ги предупредат властите на сите оние кои го заговараат и кои се радикализирани.
„Доколку ИСИС преземе било каква акција на нашата земја, можеме да го победиме само обединети“ – велат.
„Доколку се случи тука било каква трагедија, француската влада ќе сноси одговорност за тоа бидејќи тие знаат кои се радикални исламисти на Корзика“ – предупредуваат Корзиканците и ја повикуваат Владата да престане со учеството во воените интервенции против ИСИС кои им се враќаат како бумеранг.Националниот ослободителен фронт на Корзика, во изјавата за локалниот весник, предупредува дека на секој терористички напад на земјата на Коризика

Пронајдете не на следниве мрежи: