Тие се највлијателните луѓе во ИТ светот!

Модерната технологија ја водат луѓе кои го менуваат светот со својата работа, иновации и идеи. Оваа област никогаш досега не била толку напредна и во подем, а само неколкумина ќе останат запаметени…Листата на дваесет највлијателни луѓе од ИТ светот ја состави Graphs.net по информации добиени од британскиот Guardian и американскиот магазин Time. Ви ги пренесуваме првите десет:
10. Џеф Безос
Основачот на компанијата за електронска трговија Amazon, Џеф Безос е докажан технолошки гениј кој ќе остане запаметен по успешната серија на таблет компјутерите и е-book читачите.
9. Рид Хофман
Ќе остане запаметен како основач на деловната мрежа Linkedln која ги поврзува оние кои бараат и оние кои нудат работа. Претходно, Хофман работел како инвеститор и ИТ експерт.
8. Бил Гејтс
Основачот на компанијата Microsoft претходно работел како ИТ инженер, софтверски експерт, инвеститор и програмер.
7. Џулијан Асанж
Главниот негативец на САД има работено како новинар, портпарол, уредник, програмер и хакер, а најмногу ќе остане запаметен како основач на сајтот WikiLeaks, бидејќи ги разоткри некои од најголемите злоупотреби во денешницата.
6. Мариса Мајер
Единствената дама во оваа листа меѓу првите 10 се наоѓа на чело на Yahoo од 2012 година. Има само 37 години, а ќе остане запаметена како водач на најуспешните проекти за софтверски инженери и ИТ апликации за компанијата Google каде работеше 10 години.
Повеќе на: GSM.mkЛистата на дваесет највлијателни луѓе од ИТ светот ја состави Graphs.net по информации добиени од британскиот Guardian

Пронајдете не на следниве мрежи: