Тие се успешни и прекрасни. Но, нивните сопрузи ги „гужвале“ чаршафите во креветите на други жени!

Овие славни жени можат да се пофалат дека се успешни, богати и дека изобилуваат со самодоверба. Многу мажи во светот посакуваат да бидат дел од нивните животи, но тие не им биле доволни на нивните партнери. Како и многу други жени во светот, тие биле изневерени.Сандра Булок
Сандра Булок не можеше да се разведе во полош момент од животот. Додека се одвивала последната фаза од посвојувањето на нејзиното прво дете Луис Бардо Булок, познатата актерка токму во 2010 година открила дека нејзиниот поранешен сопруг ја изневерил со неколку жени. На големо воодушевување за медиумите и таблоидите, нивниот развод беше бурен.
„Мислам дека неколку фактори допринесоа да го направам тој чекор: егото, осаменоста, недовербата која доведе до лутина и бес. Не ги добивав вниманието и љубовта кои ми беа потребни“, одговори поранешниот сопруг на актерката, Џеси Џејмс.

Џенифер Анистон
Во 2004 година, Бред Пит имаше афера со колешката со која тогаш го снимал филмот „Господин и госпоѓа Смит“, а денес таа е негова сопруга – Анџелина Џоли. Десет години подоцна, Бред и Анџелина сѐ уште се заедно и имаат седум деца. Во скорешно интервју, Џенифер признала дека аферата на Бред Пит со Анџелина ѝ помогнала подобро да се запознае и да се засака себеси, како и дека конечно му простила.

Шанаја Твејн
Легендарната пејачка на кантри музика, била очајна кога дознала дека нејзиниот сопруг по 20 години брак, ја изневерувал со нејзината најдобра пријателка. Сопругот воедно ѝ беше и продуцент, а заедно ги направија најголемите нејзини хитови. Дотогаш, пејачката многупати изјавила дека нејзините љубовни песни нему му се посветени. Кога дознала за неговата прељуба, таа тврдела дека никогаш повеќе нема да пее. Меѓутоа, во 2011 година, дојде до неочекуван пресврт. Шанаја се омажила за поранешниот сопруг на нејзината најобра пријателка!

Дениз Ричардс
Долго време важеше за најубава русокоса во Холивуд, а на изненадување за многумина таа се омажи за Чарли Шин. Не е тајна дека Чарли често ѝ бил неверен, но Дениз сепак се обидувала да го спаси нивниот турбулентен брак. Тие отишле и на заеднички одмор, но Чарли и таму бил виден како се бакнува со друга жена. Дениз не можела повеќе да ги трпи неговите испади и по враќањето од заедникиот одмор во Барбадос, поднела барање за развод.

Хали Бери
Пејачот Ерик Бенет и убавата актерка Хали Бери, беа во брак четири години. Но, само по неколку месеци од нивната венчавка, се појавија првите шпекулации дека нивниот брак не функционира како што треба. Хали подоцна открила дека Ерик се борел со зависност од секс. Иако одел на лекување, тој не успеал да му оддолее на својот порок, па актерката по многубројните негови прељуби решила да стави точка на нивниот брак. Сандра Булок
Сандра Булок не можеше да се разведе во полош момент од животот. Додека се одвивала последната фаза од посвој

Пронајдете не на следниве мрежи: