Tие што сакаат девмровизација се политички бездомници кои ВМРО паталошки го мразат, а социјалдемократијата не ја разбираат

Кокошкиното слепило е вродена или наследна болест, која предизвикува оштетувања на видот, а во потешка форма се претвора во синдром кој предизвикува глувост, немост, губење на рамнотежа и блага ретардираност. За среќа не е заразно.Пред некое време напишав: „ВМРО и Македонија живеат во вечна симбиоза и нивниот опстанок не е можен еден без друг“.
Без никаква претенциозност и нескромност, напротив, со голема почит кон нобеловецот, хемингвејски укажувам на предупатства за подобро да го сфатите текстот.
Овој текст е напишан на шести јануари и во себе содржи висок степен на симболика, но заради почитта кон торженствениот празник Рождество Христово го објавувам денес.
Инаку, на шести јануари е донесен закон од страна на династијата Караѓорѓевиќ со кој се забранува работата на Комунистичката партија на Југославија, познато како Шестојануарска диктатура. Со овој закон дотогашните традиционални маченици од ВМРО и други македонски патриоти добија сострадалници во лицето на забранетите комунисти. Тоа многу не им ја подобри тешката состојба на веќе измачените вмровци, туку напротив, после само неколку години истите тие сострадалници се претворија во уште пожестоки џелати. Шестојануарската диктатура за ВМРО се претвори во првојануарски погибел и терор.
И како по онаа народната: – „Кој ти го ископа окото?“ – „Брат ми!“ – „Затоа толку длабоко ти е ископано“. Новопечените џелати со неверојатна жештина, омраза и патолошки садомазохизам се нафрлија да ги расчеречат довчерашните свои пријатели во маките и страдањата. Како да се натпреваруваа, разулавени и бестиални да го изедначат или да поведат во нивниот злосторнички натпревар со династијата Караѓорѓевиќ. Веднаш почнаа со тепања, бичувања, смрзнувања. Газеа, убиваа, кршеа коски, отсекуваа раце и нозе, но само во едно не успеаја. Прекалените вмровци љубоморно го чуваа својот дух и не дозволија тој да биде ампутиран затоа што беа свесни дека за ампутираниот дух, протеза нема!
Сепак за овие страотни измачувања, жртви платени со здравје и млади животи да не останат залудни се погрижи една генерација која со години во себе трајно ги внедруваше пораките на страдалници за Македонија и во 1990 година го оствари нивниот вековен сон. Народот независна, самостојна и демократска Република Македонија ја препозна во лидерството на еден млад човек со брада, но со чист образ, кој претходно ништо не наследил, од никого не добил ништо на поклон, ниту пак бил штитеник на некоја домашна или странска мецена. Напротив, сиот свој политички капитал сам го стекнал, го создавал и постојано го зголемувал, при тоа трудејќи се ништо да не задржи за себе. Политичкиот капитал го дробеше и во вид на политички акции бесплатно им го делеше на обичните граѓани со најскапоцени номинални вредности како што се: независност, самостојност, демократија, човекови права и слободи, сигурност, безбедност и општ просперитет. Народот веднаш го засака, затоа што во него препозна човек кој носи време на изгрејсонце, а не како другите кои упорно сакаа да го задржат времето на зајдисонце. Затоа неговата аура и денес и за секогаш ќе остане во срцата на неговите сограѓани.
Деновиве една група политички бездомници кои ВМРО патолошки го мразат, социјалдемократијата воопшто не ја разбираат, себеси до небеса се воздигнуваат, нарцисоидно сами себе се обожуваат, а ништо друго не признаваат, повторно се повампирија, веројатно напалени и расрдени од резултатите на последните избори, масовно и бесрамно повикуваат со невиден гнев, омраза и отров во себе да се уништи се што е ВМРО, а при тоа сами одредувајќи ги критериумите за тоа кој да биде ликвидиран. Еден од нив отиде до таму што дури и побара сите што гласале, околу половина милион негови сограѓани, да бидат интернирани заради доброто на останатите граѓани на Македонија. До сега не сум слушнал појасен повик за геноцид кон сопствениот народ, а некаде дури и ја забележав формулата за остварување на нивните мрачни цели: дељубчовизација + дегруевизација = девмровизацијаЕ па, изроди низаедни, за да не ве споредам со трубачот кукавица, заробен во една од Пунските војни, кој понизно, мизерно се молел за сопствениот живот. Тој запрашан што правел за време на битката одговорил: – „Јас воопшто не се борев, само трубев.“ – „А значи така, ти не се бореше, а твоите другари ги праќаше во смрт.“ , по што бил веднаш погубен. Ајде, докажете се дека не сте трубачи, почнете со својот монструозен план.
Од кого ќе почнете? Од мене, од твоите пријатели, од моите и твои роднини, заеднички познаници? Од кого? Од студенти, војници, полицајци, земјоделци, занаетчии, работници, доктори, медицински сестри, самохрани мајки, деца без родители? Од кого? Од учители, наставници, актери, професори, академици, сиромаси, богати, судии, затвореници? Ајде, кажете од кого ќе почнете и како ќе го остварите тој мрачен план, план за уништување на родот свој благословен. По се изгледа ова и не е целиот ваш црн список.
Сега ве прашувам како ќе го направите тоа, зарем сте слепи колку е длабок темелот? На каква цврста камена основа е поставен. Од каков материјал, тврд, сјаен, нерѓосувачки, непотрошен е направена тврдината на која вие безглаво сте кинисале. Свесни ли сте кои се компонентите што се нераскинливо поврзани едни со други и каков е материјалот на сврзните ткива и шрафови кои нив ги поврзуваат. Како ќе демонтирате нешто во чие создавање не сте допринеле. За вас ВМРО е санта мраз, гледаш само една дванаесеттина, единаесет дванаесеттини се под вода. И само ако малце се обидеш да ѕирнеш, ќе се удавиш.
Симбиозата која ја спомнав погоре е трајна и вечна. Вашата мизерна симбиоза создадена од најпримитивните едноклеточни животни, трубач-кукавица и изрод петтоколонашки не може да и наштети, но пожелно е како вирус веднаш да бидете ставени во карантин за да не инфицирате некои околу себе и да ги земете на душа.
Сега сакам да Ви се обратам и Вам, моите почитувани сопартијци „спартанци“. Независно дали сте сити или прегладнети Вие изградивте врвни критериуми, принципи и правила со кои достигнавте дострели за кои некои можат само да сонуваат. Тоа Ве прави посебни од другите. Вам Ве почитуваат и со Вас се гордеат и оние што Ве сакаат и оние неутралните, а и оние што Ве мразат. Целиот наш заеднички партиско-политички живот, на чело со нашиот лидер е обележан со лавот како печат. Тоа е нашиот крст, нашиот камен, чувар и симбол на нашата идеологија, нашата храброст, нашата истрајност, нашата лојалност. Тоа сите го знаат освен неколкумина кои никогаш не биле наши и заради тоа што не можат да бидат како нас, го сметаат за знак на предавство.
Сега имаме една парадоксална ситуација, истите тие кои со години заради лавот се потсмеваат со нас и не омаловажуваат, се дрзнаа меѓу Вас, крдото на лавови, да пронајдат и некоја овца. Кажете им дека ние со овците сме расчистиле. Никогаш во крдо лавови не барајте овца. И ако има некоја овца маскирана во лав брзо ќе ја препознаете. Знаете како? Ќе ви кажам. Долго време погрешно се мислеше, дека овцата е најглупаво животно затоа што два пати годишно ја стрижеле. Ако глупоста се огледаше во стрижењето тогаш без конкуренција најглупавото суштество ќе беше човекот кој барем дванаесет пати годишно се стрижи. За среќа не е така. Заблудата одамна е разбиена. Овцата ти била најглупаво животно затоа што при секоја опасност по својот живот, слепо и безглаво се фрла во прегратките на својот непријател. Затоа ве молам драги мои сопартијци отворете ги очите.
Бурето почна да се тркала, тоа се движи некогаш напред, некогаш назад. Секако некаде ќе застане. Ваша е честа, пред било каде тоа да го направи, да го изгаснете фитилот.
Авторот на текстот е вмровец. Потенцијална жртва на девмровизацијата? Кога ќе си го видам тилот!
Ламбе АрнаудовПред некое време напишав: „ВМРО и Македонија живеат во вечна симбиоза и нивниот опстанок не е можен еден без друг“.
Без никаква

Пронајдете не на следниве мрежи: