Македонската претставничка на Евровизија, Тијана Дапчевиќ се најде на 13-тата позиција од 15 учесници во втората полуфинална вечер. Заврши и 59. издание за песна на Евровизија.
Овогодинешниот победник е претставникот од Австрија – Кончита Вурст (во превод Кончита Колбас).
Македонската јавност беше згрозена од оваа победа и се појавија разни сомнежи.
Дали сексуалната определеност игра важна улога при изборот за најдобра песна на Евровизија?
Не е некоја голема тајна дека геј лобито е силно и дека пејачите се обидуваат да ги присвојат хомосексуалците на своја страна.
Бидејќи светот оди понатаму и се обидува да се ослободи од конзервативните начини на гледање кон светот, се поставува прашањето: Што допрва ќе не чека?
Дали Македонија треба да се откаже од понатамошно учество на Евросонгот, бидејќи нашето општество се` уште нема либерални гледишта кон работите?
Можеби може да се смени тактиката, па да се урнат сите морални и етички вредности, па и ние да почнеме да испраќаме брадести жени и феминизирани мажи, небаре ќе собереме некој поен и ќе оствариме победа (од пуста надеж). Ама најдобро би било засега да се откажеме од било какво учество, бидејќи не оди работата. Можеби таму во блиска иднина, кога и кај нас ќе се размножат уметници со имиња од сите можни месни и сувомеснати производи.
Како и да е, тимот од Пулс24 и честита на Тијана за одличниот настап.Заврши и 59. издание за песна на Евровизија.
Овогодинешниот победник е претставникот од Австрија – Кончита Вурст (во превод Кончита К



