Тимот на Трамп побара амбасадорите поставени од Обама да се повлечат од функција

Екипата на Доналд Трамп за спроведување на транзицијата на власта издала генерална наредба амбасадорите кои се назначени од претседателот Барак Обама да ги напушптат своите функции до стапувањето на должност на новиот претседател, на 20 јануари.Веста ја соопшти американскиот амбасадор во Нов Зеланд, цитиран од британските медиуми.
„Јас ќе се повлечам на на 20 јануари“, најави амбасадорот Марк Гилберт на Твитер. 
Наредбата, што важи за сите, „без исклучок“, се соддржи во телеграмата на Стејт департментот од 23 декември, прецизира Гилберт, потврдувајќи ги информациите на весникот „Њујорк тајмс“.
Весникот цитира дипломатски извори, според кои, претходните американски влади – и репубрикански, и демократски, ги продолжувале роковите за амбасадорите, особено оние со деца во училиштата,  да имаат можност да останат во соодветните земји  уште неколку недели или месеци. 
Претставници на Стејт департментот и на екипата на Трамп за преодниот период не беа расположени за коментар, забележуваат британските медиуми.
Доколку наредбата се реализира, САД може со месеци да останат без амбасадори, потврдени од Сенатот, во клучните држави, како Германија, Канада и Велика Британија, забележува „Њујорк тајмс“.
Високо позициониран претставник од екипата на Трамп за весникот изјавил дека во мерката нема злонамереност и дека нејзината единствена цел е да гарантира дека дипломатските претставници на Обама навреме ќе ги напуштат функциите, исто како и илјадниците политички помошници во Белата куќа и федералните служби.
Подготвувајќи се за стапување на должност, Трамп планира на функција да не остави ниту еден политички функционер назначен од Обама и да смени многу од постигнатото во областа на внатрешната и надворешната политика од неговиот претходник во Белата куќа, пишува „Њујорк тајмс“.Веста ја соопшти американскиот амбасадор во Нов Зеланд, цитиран од британските медиуми.
„Јас ќе се повлечам на на 20 јануари“,

Пронајдете не на следниве мрежи: