Тито на Американците им продаде лажна вселенска програма и за тоа Југославија плати скапа цена!

Словенечкиот режисер Жига Виц во документарецот наречен „Houston, we have a problem!“ тврди дека претседателот на СФРЈ, Јосип Броз Тито по Втората Светска војна го изградил најголемиот подземен вселенски центар во Европа, а во 1961 ја продал комплетната вселенска програма на САД. Режисерот тврди дека САД и СССР не биле единствените светски сили кои за време на Ладната војна се тркале за да ја освојат вселената.
Југославија била третиот играч, а успехот на Југославија тој го припишува на дневниците од вселенскиот пионер Херман Паточник.
ЦИА наводно не успеала да дојде до необјавените дневници, но затоа пак Тито успеал.
Останатото е историја. Токму лажната вселенска програма била една од причините ЦИА да се вмеша во распадот на Југославија.
Погледнете го трејлерот за документарецот „Houston, We Have A Problem!“.

Пронајдете не на следниве мрежи: