Тодоров: Изградба на водовод и на пат од Куманово до Пчиња во вредност од околу 60-тина милиони денари

Носителот на изборната листа од втората изборна единица од Коалицијата „За подобра Македонија“ Никола Тодоров и кандидатите за пратеници од оваа изборна листа, синоќа одржаа мини митинг во кумановското село Пчиња, од каде порачаа дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе победат на изборите на 11 декември со 63 пратеници.Во излагањето пред жителите на Пчиња, Тодоров ги праша жителите на кој Зоран Заев треба да му се верува, на оној кој што пред албанската емиграција во Швајцарија зборувал за федерализација, за кантонизација, за проширување на Рамковниот договор, за двојазичност на целата територија, или на оној  Заев кој во Македонија зборува дека нема федерализација, кантонизација, проширување на Рамковниот договор, дека нема двојазичност на целата териротија Додаде дека нив ги интересира суверена, независна самостојна, унитарна Р.Македонија.
 Тодоров рече дека тие ветуваат и работат согласно реалната програма, која, како што рече, за разлика од другата политичка опција, како гаранција го има отчетот. Тодоров потенцира дека е намалена невработеноста од 38,8 на 24 проценти, отворени се над 160.000 нови работни места, направени се нови патишта, инвестиции во здравство, образование, изградени се нови градинки, воведени се бесплатни учебници, намалена е партиципацијата.
 
Тој на жителите од Пчиња им ги презентираше проектите опфатени во програмата „Реално“ кои се однесуваат на ова населено место, изградба на водовод и на пат од Куманово до Пчиња во вредност од околу 60-тина милиони денари. Тој побара поддршка од жителите на Пчиња, како што рече,како и секогаш од ова место,да се соберат и да прослават десетта по ред голема победа на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ 
 
Пред жителите на Пчиња се обратија и кандидатите за пратеници.Во излагањето пред жителите на Пчиња, Тодоров ги праша жителите на кој Зоран Заев треба да му се верува, на оној кој што пред албанската емиграција

Пронајдете не на следниве мрежи: