Тодоров: Не може и не смее да се дискутира за платформа направена во друга држава, која влијае на независноста и самостојноста на Македонија

Loading...

За Платформа која што е направен во друга држава, од друг премиер, а е наменета за формирање влада во Македонија, не може и не смее да се дискутира, кажа вчера Никола Тодоров во гостувањето во Топ Тема на Телма. 
 
 
 
–Прашање е каде таа платформа е направена и како таа платформа влијае на независноста и самојстојноста на Република Македонија, односно дали го става во подредена состојба или во подредена положба суверенитетот, интегритетот и независноста на државата, не може и не смее да се дискутира за Платформа која што е направена во друга држава, од друг премиер и е наменета за формирање на влада во Република Македонија. Платформа која што е направена во Албанија, во Тирана, од премиерот на Албанија, се однесува на тоа каков став треба да заземат сите Албански партии во Македонија, со цел формирање на влада, изјави Никола Тодоров.
Тодоров надополнува дека ВМРО-ДПМНЕ со партиите од Албанскиот блок дискутирале за многу прашање и во минатот и сега и ќе дискутираат во иднина, но само за политичкиот дијалог, кој треба и мора да постои меѓу партиите.
–Тоа е директно мешање во внатрешните работи на државата и за таква Платформа принципиелно не треба да се дискутира. Ние со партиите на Албанците во Македонија, дискутираме на многу прашања и во изминатиов период сме дискутирале за многу прашања и сигурен сум дека и во наредниот период ќе дискутираме за многу прашања, но тоа се прашање кои што се отворени од страна на партиите на Албанците од Македонија и се отворени во поглед на политичкиот дијалог кој што треба да постои, мора да постои помеѓу партиите во Република Македонија, рече Тодоров.
 
 
 
  
 
 
 
–Прашање е каде таа платформа е направена и како таа платформа влијае на независн

loading...