Тодоров: Се покажа дека проблем со Избирачкиот список немало

СДСМ цело време говори дека сака да оди на избори и дека за да се оди на избори треба да се исполнат само еден или два услови, и притоа поставуваше услови кои се многу нелогични и кои што вака не би требало можеби да се прифатат или за кои претпоставуваше дека нема да бидат прифатени, вели воцепремиерот Никола Тодоров во интервју за „Република“.-Лично сметам  дека СДСМ блефира дека сака да иде на избори, за овој блеф на СДСМ да излезе на виделина ние ги прифативме овие две барања, колку и тие барања да изгледаа нелогични, особено делот за избирачкиот список. Тоа е многу нелогично барање посебно за овие  39 502 лица кои што треба да се објават и кои треба да направат активна регистрација кои треба да потврдат дека се тука и дека се граѓани на сопствената држава. За да биде целата работа смешна и за да се докаже нелогичноста на овој список од гледаме многу видни членови на СДСМ, ја гледаме сестрата на Радмила Шеќеринска го гледаме Павле Трајанов поранешен министер за внатрешни работи го гледаме Гордан Георгиев поранешен потпретседател на СДСМ, ја гледаме професорката Најчевска, ги гледаме некои членови на семејството на професорката Ванковска, вели Тодоров.
Тој потенцира дека ова е доказ дека за цело време проблем немало со избирачкиот список, дека имало само едно алиби како СДСМ да не ги признае изборите во 2014та година на кои што катастрофално загуби и да ја отпочне оваа криза во Македонија, значи ова се е смислено сценарио на СДСМ како државата да се втурне во криза, и преку криза СДСМ да се обиде да добие некаков политички поен.
-Тоа е жално и трагично, тоа го прават само партии кои што немаат визија за развој, кои што немаат програма и кои што немаат политичка понуда и партија која што незнае што да понуди на граѓаните, партија која што не ги знае потребите и очекувањата на граѓаните. СДСМ креира криза со цел да дојде на власт ништо друго, целата оваа криза креирана од СДСМ е само од една причина или со една нивна идеа а тоа е да дојдат на власт по секоја цена.  Наградно прашање за СДСМ е колку фантоми има. Збореа за 500 000, па 300 000,  па 350.000, па 250.000. Не знам веќе колку бројки излегоа? Како ќе се разбудеа, таква бројка кажуваа, како ќе им се сони.  И од 500 000 дојдовме до 39 000 спорни кои што се објавуваат меѓу кои и сестрата на Радмила Шеќеринска, која ќе треба да докажува дека е граѓанин во сопствената држава. Трагично, заклучува Тодоров.-Лично сметам  дека СДСМ блефира дека сака да иде на избори, за овој блеф на СДСМ да излезе на виделина ние ги прифативме овие две барања, кол

Пронајдете не на следниве мрежи: