Тодоров во Братислава: Средби со министрите за здравство на Словачка и на Холандија

Вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров, на маргините на денешниот неформален состанок на министри за здравство, кој се одржува во Братислава, имаше билатерални средби со министрите за здравство на Република Словачка и на Кралството Холандија, Томаж Друкер и Едит Шиперс.На средбите, како што соопшти Министерството за здравство, се разговарало за продлабочување на меѓусебната соработка и размена на искуства во повеќе аспекти на здравствената заштита, особено од аспект на можностите за обука и стручно доусовршување на македонски доктори во земјите-членки на Европската унија, како и можностите за работни посети на странски доктори во Македонија со цел да ги пренесат своите знаења и искуства во различни медицински области.
Посебен фокус на средбата со словачкиот министер за здравство бил ставен на размена на искуства од успешните проекти од двете земји, со што ќе се овозможи проектите кои успешно функционираат во Република Словачка да се имплементираат и во Македонија и обратно.
На средбата со министерот за здравство на Кралството Холандија се разговарало за можноста за унапредување на администрацијата во здравствениот сектор, преку размена на искуства меѓу вработените од македонското и холандското Министерство за здравство.
Неформалниот состанок на министри за здравство во Братислава се одржува во рамки на претседавањето на Словачка со Советот на Европската Унија. Состанокот е посветен на повеќе актуелни теми и предизвици од областа на здравствената заштита, со посебен фокус на употребата на лекови, вакцинација и други актуелни јавно-здравствени теми.На средбите, како што соопшти Министерството за здравство, се разговарало за продлабочување на меѓусебната соработка и размена на искуства во повеќ

Пронајдете не на следниве мрежи: